Колку трае сегашноста?

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Вчера било некогаш сега.
Поминало.
Утре можеби ќе биде сега.
Ама тој момент на сега го носиме постојано со себе.
Не гледам тука нешто што не е јасно.
Било и ќе биде, те разбрав тоа, но како тоа сега може да се продолжи или скрати со задржан здив?
Не би имало потреба или логика од такво нешто ако...
Сегашноста трае вечно.
Еве, веќе тоа што ни беше сега пред еден час кога сме пишувале на истава тема, веќе е минато, а хипотетички да е можно јас да не сум дишела сето тоа време и, ко што велиш, сé за мене да запрело, за мене не би бил часот 23, туку 22:15?
Самиов сегашен час, мерено според нас, за оние од другите временски зони е минато и иднина, за нив е - сега.
р.ѕ. Јас перфектно можам да почнам и завршам мисла со задржан здив, ништо не чувствувам да престанува, освен дишењето.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Било и ќе биде, те разбрав тоа, но како тоа сега може да се продолжи или скрати со задржан здив?
Не би имало потреба или логика од такво нешто ако...

Еве, веќе тоа што ни беше сега пред еден час кога сме пишувале на истава тема, веќе е минато, а хипотетички да е можно јас да не сум дишела сето тоа време и, ко што велиш, сé за мене да запрело, за мене не би бил часот 23, туку 22:15?
Самиов сегашен час, мерено според нас, за оние од другите временски зони е минато и иднина, за нив е - сега.
р.ѕ. Јас перфектно можам да почнам и завршам мисла со задржан здив, ништо не чувствувам да престанува, освен дишењето.
Дали ти во моментов додека го читаш ова го доживуваш твоето минато или твојата иднина?
И ако да,како?
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Ако гледаме на минатото, сегашноста и иднината како на минута, час, ден, недела, итн. тогаш да речеме дека сегашноста е секунда. Секунда по секунда иде, односно секоја претходна секунда е веќе минато, а секоја наредна секунда е иднина. Но, бидејќи секундата трае премногу кратко, тогаш на некој начин, постојано сме во сегашноста. Секако, може да гледаме на сегашноста и на подолги временски периоди, па макар тоа да е и ден. Сонцето изгрева, потоа заоѓа. Денес = сегашност, вчера = минато, утре = иднина. Ете уште еден начин на кој можеме да ја "мериме" сегашноста. Епа што знам, веројатно кој како си се пронаѓа. За мене да речам "Остај го сега тоа, во минатото е" треба нешто да се случи, некаква промена. На пример, сеуште сум запишана на факултет што значи тој период не е во минатото, но од денес решив дека ќе почнам посериозно да го сфаќам, така што сите неуспеси што се случиле се во минатото (ваљда, ќе си бидам јас оптимист :p).
312jtp0.gif
Парадокс е, ете тоа е!
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and Electra

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Сегашноста? еден миг кој за жал секогаш подоцна го забележуваме.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Зависи од тоа каков е сегашниот момент. Ако сегашноста е болка, тогаш времето се влече и одминува споро. Ако сегашноста е убава...обично минува брзо, барем така делува во рамките на перцепцијата.
Некои би рекле дека живеењето во минатото или иднината е резултат на лошата сегашност.
Јас сум незадоволен од сегашноста и најчесто живеам во иднината, квази-футурист :p и напорно се трудам и го очекувам моментот кога сегашноста ќе фати чекор со иднината.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Дали ти во моментов додека го читаш ова го доживуваш твоето минато или твојата иднина?
И ако да,како?
Прашање со прашање. :D
Моето сега дури сум читала, за тебе веќе било пишано минато. А после тоа и за мене.
Штом според тебе сегашоста е вечна и сé е сега, тогаш не може да ги спомнуваш минатото и иднината зашто по таа логика и тие ќе да се сега.
Тоа сепак не го одговори прашањето што го имавме за пролонгирањето на мигот (сега) со задржан здив, но бар ко форумска заедница мрднавме од мртва точка на хронична недискусија. :sreken
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Често се сеќаваме на она што се случувало пред сегашноста, а знаеме да мечтаеме за она што ќе дојде после неа.
Но...

Колку време треба да помине пред сегашноста да се претвори во минато?
Кога почнува, а кога завршува сегашно време?
Сегашноста е само сега овој миг, овој час, само овој ден, оваа година?
Колку трае сегашноста?
Сегашноста е тесно поврзано за оној кој истото го доживува ,додека нејзиното времетраење зависи од свесноста за своето постоење.
Тоа може секој да разбере ако размисли,дали се сеќавате кога сте биле мали бебиња?
И тогаш постоело инервал за време,постоеле ден и ноќ,но никој не се сеќава зошто свесноста за своето постоење не постоело,а со самото тоа ниту време,па моментот на сегашноста бил ист со вечноста.
Подоцна кога за своето постоење сте станале свесни моментот на сегашноста додал термин на минато и иднина.
Колку помалку човек е свесен за своето постоење,толку поголем е моментот на сегашноста која може да достигне и вечност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Еве да се надоврзам на тоа што го реков претходно, со еден цитат од книгата на Kurt Vonnegut "Slaughterhouse-Five":

"All moments, past, present, and future, always have existed, always will exist…It’s just an illusion here on Earth that one moment follows another one, like beads on a string, and that once that moment is gone it is gone forever."
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Трае до моментот во кој ќе помислиш „ништо веќе нема да е исто“. Тогаш сегашноста станува минато, а на нејзино место дошла некоја друга сегашност. Еден живот завршува, а почнува друг, поинаков. И сфаќаш дека си поинаков и ти...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence