Колку трае сегашноста?

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Сегашноста не трае, таа е една константа што ни се случува додека дишиме (живееме). Ние не постоиме во сегашноста еден миг или една минута или еден час, па потоа се впуштаме во иднина. Иднината е идно време каде што од аспект на сегашноста можеме да планираме што би се случило и да даваме претпоставки за тоа, но кога ќе се случи и ние ќе сме присутни тоа за нас повторно ќе биде сегашност. Минатото како и иднината повторно е сегашност и тоа сегашност која поминала, за минатото нема претпоставки туку само спомени. Никогаш нема да ја стигнеме иднината и никогаш не можеме да му се вратиме на минатото. Единствената опција ни е сегашноста, жално е што најмалку размислуваме на неа.
Ако напишаново нема смисла, значи ќе испадне на крај „Сакам кажем, не знам речем“ :)