Кои квалитети најмногу ги цените кај професорите? | Црнобело Форум

Кои квалитети најмногу ги цените кај професорите?

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
24
Куманово
Да уме да ти објасни све убаво на широко и на дугачко, а у исто време да те заинтересира и да те мерак да га научиш и да има попријателски однос према ученици.
 
Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,103
393
29
Струмица
уфф, секој не може да биде професор, за тоа треба многу трпение... но за еден професор да биде професор во вистинска смисла на зборот според мене треба да го пренесе материјалот најдобро што може, да го натера ученикот/студентот да се заинтересира за неговиот предмет и да го учи, и пред се да биде пријател со ученикот, да знае да го сослуша, да му помогне и да не биде битна оценката, туку тоа што ученикот го научил од негова страна, но таквите денес за жал се се поретки :|
 
Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,276
9,119
1,683
Наставникот од основно по Руски јазик, претходно директор на училиштето. Беше фер кон сите. На сите им даваше шанси. Никогаш не сме го прашале да ни преведи некој нејасен збор. Ако побаравме превод на некој збор, тој ќе не асоцираше, не тераше да размислиме за да го добиеме резултатот. Значи ни помагаше, но и не тераше да мислиме. Никогаш не ни сервираше ништо на тацна.
Тој човек бараше учење, работа на час, и редовност. Не толерираше доцнења. Ако некој влезеше после него, кркаше две шлаканици.
***
Квалитети? Толеранција, интеракција, строгост...
 
Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
27
Frojda само што дојде на форум и отвори прекрасни теми. :D
Кај професорите најмногу го ценам пристапот кон учениците и начинот на кој ќе го предаде материјалот. Еве на пример додека д-р Жан Митрев предавал во медицинско бил сосема опуштен на часовите и ги предавал лекциите на наједноставен начин користејќи смешни примери од секојдневниот живот и многу од учениците биле задоволни од неговото предавање.
 
Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Според мене да умее да биде професор на сите деца а не поединечно,исто и да се однесува учтиво,толерантно а не да ги лечи комплексите на децата,да знае да ја предаде лекцијата и од самиот час да ти остане нето во глава за да не мораш дома многу да се трупиш дома.
 
Frojda

Истакнат Член
2 септември 2013
58
26
118
Frojda само што дојде на форум и отвори прекрасни теми. :D
Кај професорите најмногу го ценам пристапот кон учениците и начинот на кој ќе го предаде материјалот. Еве на пример додека д-р Жан Митрев предавал во медицинско бил сосема опуштен на часовите и ги предавал лекциите на наједноставен начин користејќи смешни примери од секојдневниот живот и многу од учениците биле задоволни од неговото предавање.
Фала ти Хармонија :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harmonija

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
27
Фала ти Хармонија :D
Ако не е тајна што учиш, па ти се допаѓа кај професор/ка кога те сослуша во некоја идеја? :)
Да се надоврзам на темата, во приватните или државните училишта има поквалитетен кадар, има ли разлика?
 
Frojda

Истакнат Член
2 септември 2013
58
26
118
Ако не е тајна што учиш, па ти се допаѓа кај професор/ка кога те сослуша во некоја идеја? :)
Да се надоврзам на темата, во приватните или државните училишта има поквалитетен кадар, има ли разлика?

Тајна е :)
Инаку во било која професија можеш да имаш различни ставови...еве за пример ќе ја земам историјата како наука која содржи многу контроверзии.Ако професорот сака само да ги набубаме податоците без да ја разбереме вистинската причина за одреден настан,тогаш не знам како човештвото би извлекло поука од историјата,т.е. која е ползата од неа.
Што се однесува до приватните и државните училишта,ова може и како нова тема да иде.Јас лично мислам дека во приватните училишта конкуренцијата ќе си го баправи своето,иако сега не се на којзнае какво ниво,во иднина може да бидат многу подобри од државните.
 
А зошто е тајна, јавно те молам да ми кажеш? Please... љубопитен сум :)