Саглам да си ја вршат работата за која земаат плата од државата и да не се замараат со приватни животи на учениците/студентите. Некој ќе рече сакал другарски пристап од професорите, јас напротив сакам строго професионален однос. Не сакам кога професорот за 5 минути предава лекција, а 40 си прави муабет со главните трачарки во класот за разни глупости.
Професорот е тој кој е задолжен да те воведе во материјата и да го направи часот интересен иако предметот не ти се допаѓа. Жално е што само двајца, тројца вакви професори досега имам сретнато, останатите или не се замараат да ти предадат убаво и да ја разбереш наставната или си прават трач-муабети на час. А најинтересното е кога доаѓаат инспекторите, па сите се онака фини и објаснуваат и по 10 пати за едно исто нешто.