До сега со моето две годишно искуство на факултет можам да кажам дека само еден професор ми оставено впечаток на комплетен професор. Предава навистина тешки предмети Моелуларна биологија со генетика и Базична имунологија. Човеков има знаење! Ќе речете епа сите професори имаат, тоа е точно ама овој како само ги објаснува работите на попрост начин да можеш да ги разбереш. Исто така секогаш ни закажуваше консултации и на нив уште еднаш истото го повторуваше како и на часови со цел убаво да го разбереме. И што е најважно не гледа да те падни, и морам ова да го кажам ете јас требаше да имам 6 молекуларна затоа што имав 76 поени, еден поени ми фалаше за 7, ми пиша 7, обично ни за пола поени не ја пишуваат поголемата оценка а овој ете и за еден поен не направи проблем, а не ни го замолив да ми ја пише повисоката оценка.