Кои квалитети најмногу ги цените кај професорите?

Frojda

Истакнат Член
2 септември 2013
58
26
118
Мене на пример најмногу ми значи кога професорот ќе ме сослуша и ќе разговара со мене,наместо како сезнајко да ми трие сол над глава.Вас? :)
 

crvenkapa

Староседелец
15 јануари 2013
235
593
1,093
Знаењето што го поседува, колку од тоа знае да пренеси и колку истото е поткрепено со практично искуство.
Сметам дека подобри професори се оние кои работеле прво надвор од образование, се судриле со реалниот свет
и знаат како е да се соочуваш со вистински проблеми, дека правилата во книгата не се универзални и не
важат во секоја ситуација.
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
човек од збор, со разбирање, да си ја знај работата, да не се опушта ама и да не претерва и сл. свари
едино само по Англиски професорката е таква од основно до сега средно само таа беше вистинска професорка значи без ни една мана !
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Приемчивоста и пренесувањето на знаењето.
Лесно е човекот да биде експерт по дадената материја, тешко е тоа да го пренесе на некој (апсолутен) почетник.
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Приступачноста и начинот на кој што умее да го пренесе своето знаење и искуство на некој кој што можеби за прв пат се среќава со некоја материја.
Создавањето на благ авторитет и почит, да умее да створи тишина без да изусти ни збор.
Има многу учени луѓе, образовани но едноставно не умеат да го пренесат на вистински начин тоа, токму затоа за еден професор не е битно само знаењето туку и вештините кои ги поседува и воспитни и образовни.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Секој може да биде професор,но не секој професор педагог.
Најбитно е да го изнајде начинот на кој ке го натера ученикот да го совлада предметот,или барем да проба да го заинтересира.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: THE Ghost and Oleri

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Јас кај мене на факултет го ценам само Аристотел Тентов. Единствен од сите професори кој се труди нешто да научиш. Често знае да се зафркава на своја сметка или на сметка на некој рандом студент што ќе го праша нешто или ќе прокоментира. Често знае да дискутира со нас ко со другари за одредени проблеми што ни ги поставува, знаењето му е на многу високо ниво и често знае да навлезе до најситни детали за некој проблем (зборам за стручни проблеми, да не дојде до забуна). Кај него ако положиш испит идеш на допрашување за да провери дали знаеш тоа што си пишал или си препишувал/учел напамет, па затоа и повеќето не го сакаат.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ух.....искрено? Најмногу ценам рамна линија на електрокардиограмот кај лицата вмешани во compulsory education.
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Саглам да си ја вршат работата за која земаат плата од државата и да не се замараат со приватни животи на учениците/студентите. Некој ќе рече сакал другарски пристап од професорите, јас напротив сакам строго професионален однос. Не сакам кога професорот за 5 минути предава лекција, а 40 си прави муабет со главните трачарки во класот за разни глупости.
Професорот е тој кој е задолжен да те воведе во материјата и да го направи часот интересен иако предметот не ти се допаѓа. Жално е што само двајца, тројца вакви професори досега имам сретнато, останатите или не се замараат да ти предадат убаво и да ја разбереш наставната или си прават трач-муабети на час. А најинтересното е кога доаѓаат инспекторите, па сите се онака фини и објаснуваат и по 10 пати за едно исто нешто.