Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
кога бев мал- бев 3 во едно. металец, хипик и панкер.
Така ме учеа постарите. Многу често го користев "батабонт",и "кошпатлер" .
Инаку имав среќно детство, што и да побарав - добивав.
Ми текна една случка. Мал бев дали 4 години сум имал и дедо ми за роденденот ми вика да сме оделе да береме јагоди. Ја радосен се стрчав сам надвор, а влечките многу големи и се лизнав. И сега си имам белег на ногата.
Оффф мене ми текнува на 4 роденден....Дедо ми дојде на гости...ама он ми даваше пари како поклон ....А јас парите не ги сметав за поклон....И така он си седна на маса...јас доагам и кога да го видам на масаа....И му викам...Ееее абе тии деде...како тоа си седнал на маса да јадеш а без поклон си дошол...Ајде да си ги облечеш чевлите и да си одишш...Иии така он си се облече си отидее...јас седнав на масата и кога и текна што направив ...почнав да плачам и искочив преку вратата да го барам да го виканам...и за среќа пред врата беше ....И ден денеска се смејат на моја сметка за таа случка
Од кога знам за себе сум бил многу добро дете .. но премногу несмасно Сум се валкал како некоја будала ... Од кога знам за мене ги сакам моторите и колите .. па со мојот SOBIM (црвен и на сестрами ) сум правел бууум бууууум ! и позади кај куќата моја во дупка целиот во крв ИИ една моја сликичка да видите како изгледам LOl
Тепачиште сум била. Тетката шо работи во продавницата тука во близина, кога и да влезам таму ми вика: Еее ко беше мала шо праеше... кога и да поминеше дете расплакано, знаевме кој го имат истепано.
Уште кога сум бил мал одсекогаш сум барал татко ми да ми ја отклучи колата да седам во неа и да си го вртам воланот (во место). Па не ми е чудно и сега што сум си болен по коли и мотори А единствен збор на кој што ми текнува моментално дека сум го изговарал погрешно е чешма - чемша.