Убавината на книгата е светлосни години понапред од филмското платно, колкав и да бил буџетот и ефектите.
Она што сум го креирала од зборовите на авторот, оние места и ликови, не може да бидат автентично доловени и оживеани од ниту еден режисер. Затоа и неретко се разочарувам од филмовите работени по книги, или едноставно не ги ни гледам за да не си расипам впечаток.
Не ми се допаѓа само кога е обратно, прво да го видам филмот, па да ја читам книгата зашто сакала или не, читајќи ми се наметнуваат слики/сцени од филмот и целото „мое сценарио“ е претставено во стилот на режисерот на филмот, а тука некако ми се губи онаа магија.