Книга или филм?

Книга или филм?


  • Вкупно гласале
    45

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Сепак ќе речам - зависи.
Чист пример:
Ја гледам серијата The vampire diaries која е филмувана верзија на „Вампирски дневници“ од Л.Џ.Смит, а исто така и ги читам книгите. Книгата е добра, не викам не - но нешто и’ недостига. Нешто што во серијата го има. Сеуште неможам да кажам што точно, но подобри ми се чувствата кога ја гледам серијата отколку кога ги читам книгите. Стилот на писателката е малку - како да кажам, досаден, а режисерите се потрудуваат додека гледам да сум цело време ваков :eek, а после некоја сцена да трчам низ соба вака :frantic.
Уште еден пример:
„Чекори за сеќавање“ - Николас Спаркс
- Прво ја прочитав книгата а потоа ми кажаа дека има и филм од истата.
На филмот бев пред плачење - а книгата ја ставам во просечни книги.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and Slims

Bibi@

Староседелец
Најфотограф
1 март 2012
399
743
1,103
Можам да го издвојам "Сиромавиот милионер" филм што го гледав одамна,а потоа ја прочитав "Q&A-прашања и одговори" -Викас Сваруп. Книгата многу повеќе ми се допадна :)
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Зависи до содржината на книгата. Ангели и Демони и Кодот на Да Винчи ги гледав прво филмовите, книгите ги немам читано. Хари Потер и Затвореникот од Азкабан прво ја читав, а потоа го гледав филмот. Мене ми е подобро да го гледам филмот, како прво поради тоа што сум обожавател на филмови, а како второ што нема многу детали од книгата и потоа кога ќе ја прочитам книгата ќе видам што било според книгата, а што било од режисерот додадено. :zelen
Сега видов имало филм The Catcher in the Rye, јас ја читав книгата пред некое време и многу ми се допадна, а ако сум го гледал прво филмот, гарант немало да ми се свиѓа книгата. :D
 

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Зависи..На пример во книгата Ана Каренина секој елемент е многу добро напишан и прикажан,а додека филмот е 0.(shake) Има многу такви примери,ама сеа моментално не ми текнува.Али кога веќе треба да бидам би одбрала книга поинтересно ми е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Сепак книгата би ја одбрал. Филмовите увек ги прават поразлични, и убитачно ми е тоа, и глупаво. Книга си е книга.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Зависи..На пример во книгата Ана Каренина секој елемент е многу добро напишан и прикажан,а додека филмот е 0.(shake) Има многу такви примери,ама сеа моментално не ми текнува.Али кога веќе треба да бидам би одбрала книга поинтересно ми е.

Книгата за мене е ремек дело. Филмот не го имам гледано, мислам дека нема да го гледам, ставаат таму други глумици кога можат мене лично да ме викнат.:zelen

Он топик. Книга е мојот избор. Неколку пати ми се има случено да прочитам некоја книга па ќе разберам дека имало и филм, ќе го гледам филмот и тотално се разочарувам. Кога читам книга јас потполно поинаку го замислувам ликовите како изгледаат, си правам сопствена слика.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Секогаш книгата.
Многу се имам разочарано така од филмови, ептен знаат да ги упропастат.
Така и со флимот Доријан Греј. Филмот е премногу гаден, поентата е задржана, меѓутоа изборот на глумци и нивата глума мене ми е одвратен. Книгата е ремек дело.

"Парфем" книгата од Патринк Зискинд, и филмот, е само оваа адаптација ми е солидна.
Нормално продуцентот не може да ги долови деталите што ја прават книгата одлична, али сепак е солидна.
Секогаш, ама секогаш прв избор ми е книгата.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Зависи. Понекогаш режисерот и екипата прават вистински ремек дела достојни на убавината и вредноста на книгата. На пример, Господарот на прстените. И двете ми се подеднакво добри.
Еве друг пример, Slumdog Millionaire. Книгата е неверојатна, една од омилените ми е, восхитува и мотивира. Филмот е во ред, но според мене ништо посебен. Мислам дека доби оскар поради приказната, за која е виновна книгата.
Реално гледано, за љубителите на книгите, подобра им е опцијата книга. Сепак, фантазијата го прави своето. Но, има филмови кои не можат така лесно да се одбијат само затоа што се базирани на книга. Премногу фактори имаат улога, секој филм базиран на книга е индивидуален.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Slims

fantina

Истакнат Член
29 април 2012
112
163
343
Секогаш книга. Јас досега не сум гледала филм што е подобар од книгата.
Како многу лош пример ќе го змам филмот Игрите на гладните кој благо кажано е катастрофален, а книгите се скроз друга приказна. И уште мал милион други примери кои не вреди ни да се споредат, иако се правени според книги.
И за Анѓели и демони ќе ти ја препорачам книгата, иако и филмот не е воопшто лош, но сепак...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed