Какви не диети сум пробала и повеќе не се самоизмачувам со гладувања...
Сакајте се луѓе самите себеси, такви какви што сте така што на тој начин ќе зрачите општо со харизма, кога ќе бидете весели, среќни, раздвижени, разиграни...
Можеби и тоа ќе ве слабее...
А, здравјето и тоа ќе ви се подобри, килажата, се разбира се додека не ја претерате и не смета неколку килца плус.
А биле, а не биле... Све док сте свои, некои луѓе нема ни да приметат дека сте видно поправени.
Расположението стотче на час да си го сведете, другото се ќе си дојде на свое место. Не дозволувајте да ве бутка во очај ништо.
Само насловот го прочитав инаку, а коментариве и воопшто не... Знам што следува, нема шанси да ослабете 5 кг за една недела, а и да ослабете , тоа вие не слабеете, само ќе си го уништувате организмот и телото додуша. Ја исфрлате водата од телото инаку за една недела само тоа може да се случи, кој подоцна пак ќе си дојдат на вас, што тродупло ќе ве разочара. Ун диетата е ефикасна, за тие што сакаат навистина да ослабат. Со други брзи диети и не се обидувајте.
А, да.. Еве сега прочитав првиот пост од креирачот на темава, не. Не пијте ништо, бидејќи се влијае на организмот. Лимонот ствара киселини во желудникот, магдонозот чинам тој притисакот го намалуваше,ако не се лажам... Воглавном тоа ми е поентата на муабетот. Значи без претходно да се консултирате убаво, не пробувајте апсолутно ништо, макар тоа било од природата.
Јас сум пробала со „коприва“ да се лечам(некои здравствени проблеми имав)... Не сум знаела дека пример копривата крева крвен притисок, сега на 24 години, јас имам мал притисок, не сум без ич.