Како да изберете име за вашето дете? | Црнобело Форум

Како да изберете име за вашето дете?

marjan

Истакнат Член
13 февруари 2012
489
657
93
Bitol, Bitola, Macedonia
Деспина ке ми се вика ако е женско,Давид ако е машко,ако се женски близначки Марта и Мартина,ако се машки близнаци ке бидат Марко и Мартин а ако се машко и женско близнаци Викторија и Владимир.....:D
еве јас сум близнак Марјан и Маре :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: - Dee Dee - and mAcIkA

Grim Reaper

Староседелец
14 февруари 2012
326
338
1,063
Here and there
Треба да се внимава на името на детето. Јас на моите деца би им дал имиња за кои претходно ќе се договорам со жена ми и не верувам дека би ставил име на некој од семејството, не ради тоа што може да се скарам со нив, него во моето семејство па и нема некое убаво име. Инаку доколку имам син би сакал да се вика Марин, а ако имам ќерка Ива
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: - Dee Dee -

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
А како да се осигураме дека детето нема да се срами од името кое ќе му го ставиме? Да чекаме да порасне и да го прашаме „еј, сине, не те крстивме за да не ти ставиме име кое не го сакаш, па ај кажи како да се викаш?“ Нема смисла некако.
Сметам дека родителот ќе стави име кое го смета за соодветно за своето дете и детето не би требало да се срами од своето име.
Пр. јас моево не си го сакам претерано, ама далеку од тоа дека се срамам. Среќна сум што од толку притисоци кои се вршеле кога сум се родила, моите го одбрале ова име за мене. Не дај Боже да ме крстеле Слободе или Славка...
Кога ќе дојде време да бирам за своето дете име, нема да го крстам по желба на бабите и дедовците туку стрикно по моја и на таткото. Си имам некои замисли веќе, но со оглед на тоа дека детето ќе има уште еден родител нема по секоја цена да ја наметнам мојата желба, туку ќе си се договориме.
Не би го крстила со некое старинско име од типот на Трајанка, Митра, Царе, Спасе, Диме, Стојан и сл.
Ниту пак со некое кусо како Лео, Миа, Ина, Уна... Имав куче кое се викаше Лео и како сега така да го крстам детето?!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: - Dee Dee -

Зумбула

Истакнат Член
20 февруари 2012
56
54
318
Прво, одбивам именување по дедо и баба. Речиси секогаш имињата се застарени или премногу употребувани; секако дека не сакам детето да се вика како секое второ. Не сакам и името да му е единствено и преуникатно зашто и на тој начин би служело за потсмев.
Баш на оваа тема зборувавме со колешката, која поради жестоки расправии со сопругот за истово му кажала: - Па арно бе, како ќе му кажам на детето, Ставреее ти се кака? А замисли татко ти да се навреди мислејќи дека нему му се обраќам?

Фала Богу, има многу македонски имиња за мерак. Оние новоизмислените, претежно трибуквени и без никакво значење, Ива, Ина, Леа... со кои радо би именувала животни, веднаш одат во отпад. Не сакам и од оние предолгите, а со значење, Трпанка, Захаринка, Хризантема... зашто јас така именувам папагали. Ех Сребре и Златка... што убав пар беа...
Темелно ги побивам и имињата со -че наставка. Благојче, Новче, Јованче, Благунче... како да не мислат родителите дека некогаш детето ќе порасне. :unsure

Сепак, договорот ќе биде заеднички помеѓу родителите. Без надворешни влијанија и наследни фактори.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alley3112 and - Dee Dee -

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
ако е машко - марко, милан, милош...
женско - ива, мар..
некои кратки но убави
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: - Dee Dee -