А како да се осигураме дека детето нема да се срами од името кое ќе му го ставиме? Да чекаме да порасне и да го прашаме „еј, сине, не те крстивме за да не ти ставиме име кое не го сакаш, па ај кажи како да се викаш?“ Нема смисла некако.
Сметам дека родителот ќе стави име кое го смета за соодветно за своето дете и детето не би требало да се срами од своето име.
Пр. јас моево не си го сакам претерано, ама далеку од тоа дека се срамам. Среќна сум што од толку притисоци кои се вршеле кога сум се родила, моите го одбрале ова име за мене. Не дај Боже да ме крстеле Слободе или Славка...
Кога ќе дојде време да бирам за своето дете име, нема да го крстам по желба на бабите и дедовците туку стрикно по моја и на таткото. Си имам некои замисли веќе, но со оглед на тоа дека детето ќе има уште еден родител нема по секоја цена да ја наметнам мојата желба, туку ќе си се договориме.
Не би го крстила со некое старинско име од типот на Трајанка, Митра, Царе, Спасе, Диме, Стојан и сл.
Ниту пак со некое кусо како Лео, Миа, Ина, Уна... Имав куче кое се викаше Лео и како сега така да го крстам детето?!