Ќе морам во 2 поста зошто има 13 слики за ова прекрасно место кое е дом на Michael C. Hall (Dexter). Деталите се... уфф, одлични!
Куќата е во шпански стил во која преовладува индустриски вибрации и се наоѓа во Лос Анџелес. Декорирана е од страна на Kishani Perera.
Сум видела вакви слични комоди, но направени од дрво. Ми се допаѓа металниот pattern што го има, а над неа има закачено слики меѓу кои на едната е неговиот татко кога бил помлад и бил дел од рагби тим. На левата слика се наоѓа Stedman chandelier направен од шишиња (obviously), претерано индустријалистички.
Она што го привлекува вниманието е портокаловата клупа од 60-тите години која одлично го освежува чистиот изглед на кујната.
Обожавам долги дрвени маси. Масата на Obsolete која е долга 4 метри е искомбинирана со средновековни бразилски столици од Thomas Hayes галеријата; под нив ја разбива монотонијата прееееееекрасна репродукција на хотански килим од Lawrence of La Brea; додека пак над масата висат 3 (smoked glass) сјалици кои самиот Хол ги има одбрано во галерија L7.
Камин, прејаки кафени кожни фотељи и... огромна рамка/библиотека вградена околу францускиот прозорец.
Кул кожна столица од 19-тиот век.
Машината за куцање му е подарок од колешката актерка Jennifer Carpenter (Debra во Dexter).
Ми се допаѓа бирото и дебелиот килим на Beni Ourain на левата слика, но она што е интересно на десната е мијалникот кој е всушност количка од библиотека (на нив се редело книги и таа се буткала) и црната рака/сјалица која е една од главните работи кои што го привлекле Мајкл да ја купи оваа куќа.
Дефинитивно најубавата соба. Преовладуваат земјени бои, всушност не се истакнува ниту една друга боја, но тоа е убавината во оваа просторија, владее некаков посебен мир. Не знам што ми се допаѓа повеќе, кожниот кауч од 60-тите на левата страна, предобрата столица на десната страна или пак, дрвената маса во центарот.