Каков е туризмот во Македонија? Колку сте задоволни?

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Добре дојдовте во земјата на музика и чувства. Вака се претставува Македонија во рекламните спотови кои се емитуваат на американскиот телевизиски канал „CNN“. Во видео-изданието се прикажани убавините на земјата, Македонија е археолошки рај, топ туристичка дестинација со богато минато, се препорачува шетање низ Охрид, да се видат иконите и манастирите, да седнете на средсело или да ги вкусите македонско вино и ракија, гравче-тавче, ѓомлезе, кукурек, пинџур... Ваквата слика, македонските власти им ја сервираат на странските туристи преку телевизиските спотови наменети да ги привлечат нив во што е можно поголем број.

Но, притоа, докрај не им објаснуваат што ги очекува кога ќе стигнат во земјава. Не им даваат упатство како да стасаат до необележаните археолошки локалитети или да стасаат до селото преку неасфалтиран пат. Реалноста што ги очекува странските гости е сосема поинаква од прикажаната.
Разговаравме со неколку странски туристи, тие велат дека информациите за Македонија како туристичка дестинација ги нашле на интернет, и тука има неколку работи кои им пречат за нивната авантура да биде целосна.

„Дел од угостителите и вработените не разбираат англиски јазик, а за гостите што како нас доаѓаат од западноевропските земји навистина е тешко да го зборуваме вашиот јазик.“

„Нема јавни тоалети, нема песок на сите плажи, има многу камења на плажите.“

„Недостига традиционална македонската храна, се продава брза храна покрај езерата, а јас навистина дојдов да истражувам и да ја почувствувам оргиналноста.“

Првиот впечаток е лош

Лоша инфраструктура, високи цени, ѓубре, дупки на автопати, знаци од кои и домашните возачи би се изгубиле, немање брошури за значајните локалитети, дури ни чисти тоалети, немање директни авиоврски со дел од светските престолнини се само дел од работите што и недостигаат на земјава со години. Туристичкиот водич Даниел Меданоски вели дека кога ги пречекува странските туристи прво што прави е обид да го ублажи негативниот впечаток што го добиваат уште на излез од авионот.

„Обележеноста на патиштата, знаците се или еднојазични или она што е напишано е само на кирилица и само буквално истото напишано на латиница, значи не е на англиски, не е на некој друг меѓународен јазик, потоа инфраструктурата или првиот впечаток, кога ќе се нафрлат таксисти или други луѓе, значи првиот впечаток за Македонија е лош, потоа ние го компензираме тоа со импровизација.“

Обележеноста на патиштата, знаците се или еднојазични или она што е напишано е само на кирилица и само буквално истото напишано на латиница, значи не е на англиски, не е на некој друг меѓународен јазик, потоа инфраструктурата или првиот впечаток, кога ќе се нафрлат таксисти или други луѓе, значи првиот впечаток за Македонија е лош.

Туристичките агенции се жалат за непреземање мерки, власта негира
Директорот на државната агенција за развој и поддршка на туризмот, Зоран Стрезовски вели дека Агенцијата презема неколку мерки како што се промовирање на земјата на меѓународни саеми за туризам, билборд кампањите во соседните земји, реклами на светски познати медиуми.
Туристичките работници велат дека залудни се скапите реклами во странство ако не се средат основните работи. Танески додава дека со рекламите кои се емитуваат во странските земји е завршена само половина од работата.

„Рекламата не кажува каде може да резервирате за Македонија. Еве одете на интернет и побарајте како да стигнете до Македонија кога ќе ја видите рекламата и ќе се „врзете во чвор“. Ќе ви требаат 1000 евра од Скандинавија или од некоја друга европска земја за да дојдете до Македонија и да се вратите до вашето место на живеење. Рекламата е прекрасна промоција на земјата, но позадинскиот дел не е сработен.“

Проблемот е што рекламата е пуштена без стратегиска поддршка, смета Танески. Стрезовски за ова вели дека не држи нивната замерка затоа што е потребно и туристичките агенции и хотели треба да се вкучат во кампањите.

Рекламата не кажува каде може да резервирате за Македонија. Еве одете на интернет и побарајте како да стигнете до Македонија кога ќе ја видите рекламата и ќе се „врзете во чвор“.

2010061114473447.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Kad jednoga dana turizam procveta, i navale shvabe u rekordnom broju, cela ce zemja samo od leta ziveti kao bubreg u loju. Samo kje vecni rekreativci radit na polju ili biti vojnici, gradishte ce biti golf teren, a ko previshe radi... uhapshen. :D
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
Со еден збор катастрофа... едно што не се вложува труд од страна на владата, за да ни го подобраат туризмот, друго што немаме ни патишта, пред 2 недели бев за Охрид, патот катастрофа, дупки премногу, ајде гости дојдете ни.... мислам дека беше пред Битола или Прилеп, не знам каде точно, ѓубре, ѓубре фрлано од Ромската популација... е како да одиш пак... треба да се вложи да се направат патишта, да се среди се, подобра реклама, поефтини цени... и не само да се рекламира Охрид, Македонија има многу убавини... треба да се направи една тура низ цела Македонија, да се видат сите убавини на нашата земја... тогаш би имало и позаинтересирани...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Кога нешто барам по сајтовите на агенцииве ако имаат понуда за странци во македонија секогаш отварам да видам што им нудат. Мизерни се понудите, едно исто. Ај ок некој ќе дојде еднаш, двапати ама толку е ништо ново, нема некои посебни тури за шетање. А не дека е наша земја па ја преувеличуваме ама стварно има што да се види. За лошите патишта крива е државата. Туристичките работници треба да се малце пописмени, да знаат повеќе места да им понудат на луѓето, едноставно треба тие да имаат прошетано повеќе места, за да знаат и што да понудат. Кога некој доаѓа овде како турист, знае каде доаѓа, знае дека нема море, сигурно нема да се импресионира од барокот изграден во 21век, сакаат да го видат нашето најдобро (не скопско :p). Убавата природа, природните реткости, има места од кои може со подзината уста да останат.
У последно време освен охрид, се спомнува и берово, што е добро а исто и кокино... Ама не е само тоа, кој на пример однел странци на водопадите во струмица, по езерото козјак, во пештерите во македонски брод, кај ѓаволскиот ѕид, кај долината со кактусите, во рудникот со ретките кристали што може да се посети туристички, на солунска глава, куклица, островот голем град, езерцата на шара, профелејските водопади на пролет кога ги има, на врв на галичица од кај што се гледаат двете езера... Галичник е среден за туристи, Вевчани исто, мариово не е средено со туристички капацитети ама има доста што сакаат да го осетат автентичниот живот, што таму е застанат пред многу децении а за природната убавина муабет не праам... Има уште многу сега не ми текнува... Па од овде да си ќе треба многу време да се посети се а камо ли за турист.
За млади може туристички летови над македонија, има извонредни места за летање со параглајдер, за downhill со точак, за алпинизам ама кој да седне да организира тоа... секогаш туѓото е поубаво, нашето не чини... а доживљај им е на холанѓани, данци и скандинаци да јаваат магаре низ село и низ шума, нас ни е тоа смешно ама они кај виделе тоа, луѓе што на своја рака организираат имаат доста ќар од тоа. Како што нас ни е интересно да јаваме камила во египет, тунис и слични земји (а најверојатно и нас ни се смеат и ни се чудат локалните жители што е толку посебно во јавање камила)...
Развиениот туризам е многу доходовен сектор во земјите кои знаат како да го организираат
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: jov_iv

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
океј знам дека сме малце спори со иннтернет страните за промовирање на земјава или за правење резервација ама неќам ни да чујам влада, не знаеме, за нигде сме и сл... Сте шетнале до Албанија у скоро време? И после нашите патишта не чинат... Ако не сте знаеле нашите патишта се едни од најдобро- конструираните во Европа... Тоа што немаме пари за да ги РЕконструираме тоа е друга тема. Кога викате дека не ни е развиен туризмот... На кој вид на туризам мислите??? Јас знам поинаку... Имам уште мнооооогу да зборам на темава пошто тоа учев и шетав и гледав ама ај само уште за нешто ќе искоментирам и доста е за денес... Знаеме да го организираме. Верувајте. Ама толку се финансиските можности. Затоа не ни е развиена ни земјава. Помирете се со судбината... а дека се правиме за да развиеме туризам тоа е факт.
 

Јузер

Нов член
20 јануари 2015
4
0
1
Скопје
Вака туризмот и угостителството во Македонија се на некое ниво кое реално треба да мрдне од мртвата точка независно какви се условите прво треба да се развие културата па после се останато, пред изевесно време налетав на македонски портал кој обработува теми за угостителството и туризмот за кратко време научив доста прочитајте и вие може ќе ви се допадне, еве ви линк (линкот е отстранет ради реклама)
 
Последна промена од модератор:

Onkel

Староседелец
14 мај 2014
77
82
1,028
Идиотски.

Природните богатства се безбројни кај нас, а добрите угостители/туристички места на прсти неможеш да ги изброиш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Јузер

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Во Македонија на туризмот треба да се работи.Има во Македонија многу да се види, некои места што и ние сами не ги знаеме.А за свеста на луѓето,кога одам за 1 Мај со друштво во Маврово,ѓубре многу,наместо во најлони,по трева фрлено...и контејнерите преполни,да нема место кај да се стават отпадоци...лошо изгледа,многу лошо.А на друго место,така нема да правиме,а зашто кај нас така правиме?
 

pivac

Нов член
18 септември 2014
19
2
3
43
може многу многу подобро. Мислам дека проблемо е што туризмот не се сфаќа како наука, туку се размислува стихијно, “лесниЌ пари, ајде да им ги испразниме џеповите на туристите. Не иде тоа тако лесно
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Него да прашам од каде потекнува делузијата за наводната лепота и изобилие на природни атракции во библиската ви земја? Ништо што помножено со 1000 го нема една Австрија. Освен ако репер не е Антарктик...
Во ред, тука е фасцинантиот Ресен кој умира во лепота ама тоа не е причина да се живее во делузии.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy