1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Каков е туризмот во Македонија? Колку сте задоволни?

Дискусија во форумот 'Патување' започната од Marick14, 20 мај 2012.

  1. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    „Тамо зората греит душата
    И с’нце светло зајдвит в гората:
    Тамо дарбите природна сила
    Со с’та роскош ги растурила:
    Бистро езеро гледаш белеит
    Или од ветар сино – темнеит;
    Поле погледниш или планина,
    Сегде божева је хубавина.“
     
    На Altaïr му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Ова беше од оние браќата стружани? Струга една лепота шо е, да ти се насолзат очи :zelen Немало телевизија и интернет во тие времиња а може и Солун и Халкидики ги сметале тогаш како домовина :zelen
     
  3. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    Абе телевизија и интернет, сѐ се тоа местенки, само парите да ви ги земат :biggrin
    Вчера баш гледав слики од Бора-Бора, ништо посебно, само во вода куќарки потпикнати како нашине рибарски во Дојран. :zelen
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    ...имаше и една емисија на травел каналот за Чикаго ли беше, Буенос Аирес ли беше... и така од високо снимено ми се чинеше исто со Крива Паланка...(party)
     
    На Saladin му/ѝ се допаѓа ова.
  5. pivac

    pivac Нов член

    Зачленет на:
    18 септември 2014
    Мислења:
    19
    Допаѓања:
    2
    секое место иам своја убавина. Преспа е едно од по мене најубавите места во Европа. Помежу две прекрасни планини, две езера во близина...Можеби не е доволно изрекламирана, а тоа е и подобро, масовен туризам би ја уништил убавината
     
  6. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    [​IMG]
     
  7. jov_iv

    jov_iv Нов член

    Зачленет на:
    12 февруари 2015
    Мислења:
    5
    Допаѓања:
    6
    Туризам без основни услови како добри патишта, големи и убаво средени меѓуградски автобуски станици, градски автобуски станици со истакнати возни редови, навремени автобуси, такси станици.. стандардизација на цел транспорт, стандардизација на сместувачки објекти.. Туристички водичи кои знаат повеќе јазици, кустоси во музеи кои знаат повеќе јазици.. Стратегија за тоа каде сакаме да бидеме на мапата на светскиот туризам наредни 10, 20 години... Без ова, нема зашто да правиме воопште муабет за туризам :(
     
    На Saladin, pivac и Outrider им се допаѓа ова.
  8. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,620
    Сосема се сложувам иако кај нас факторот на конекција е горе доле добар само што треба негова реновација (патишта).
    Треба ние да се запрашаме каков туризам сакаме да обезбедиме дали сезонски или повеќе да се стремиме на целогодишен. Тука доаѓа до конфликт и поделбата на региони, бидејќи не секој дел од Македонија може да понуди нешто што би се консумирало 365 дена во годината.
    За атрактивниот фактор (природни и културни богатства - имаме солидна понуда иако има се` уште има многу за истражување).
    Рецептивниот фактор - смештај, капацитети сме далеку од добро. Прво немаме стандардизација на евалуација на хотелските капацитети (еден хотел пишува дека е 4 ѕвезди но всушност по глобалната оценка треба да биде едно или две нивоа пониско). Истото важи и за помалите зданија кои се даваат на изнајмување. Рецимо Преспа е атрактивна за странците поради својата недопрена природа но од друга страна капацитетот да собере гости е крајно дефетистички и не вреди да се спомне.
    Фактот е следен - странците и покрај тоа што првично би се сместиле во хотел наспрема домашно сместување, не сакаат местата да личат како од јајце на јајце. Така да покрај комуникативниот фактор кој треба да понуди барем солидна врска со главните центри во земјата (недајбоже треба некој повреден да носиш во болница), атрактивниот фактор треба да го тера својот максимум. На крај краева тоа е причината зошто странците се тука дојдени, нели? Значи што повеќе рекреација, помалку факултативни прошетки, повеќе манифестации кои за жал највеќе зависат сезонски и на крај да им обезбедиме добар сместувачки капацитет кој со тек на време би го надоградувале.
     
  9. incule

    incule Староседелец

    Зачленет на:
    5 јануари 2015
    Мислења:
    731
    Допаѓања:
    121
    Не сум задоволна,треба многу да се работи за да е добар туризмот,се згради згради никаде зеленило,многу згради,многу дупки
     

Сподели: