Туризам без основни услови како добри патишта, големи и убаво средени меѓуградски автобуски станици, градски автобуски станици со истакнати возни редови, навремени автобуси, такси станици.. стандардизација на цел транспорт, стандардизација на сместувачки објекти.. Туристички водичи кои знаат повеќе јазици, кустоси во музеи кои знаат повеќе јазици.. Стратегија за тоа каде сакаме да бидеме на мапата на светскиот туризам наредни 10, 20 години... Без ова, нема зашто да правиме воопште муабет за туризам
Сосема се сложувам иако кај нас факторот на конекција е горе доле добар само што треба негова реновација (патишта).
Треба ние да се запрашаме каков туризам сакаме да обезбедиме дали сезонски или повеќе да се стремиме на целогодишен. Тука доаѓа до конфликт и поделбата на региони, бидејќи не секој дел од Македонија може да понуди нешто што би се консумирало 365 дена во годината.
За атрактивниот фактор (природни и културни богатства - имаме солидна понуда иако има се` уште има многу за истражување).
Рецептивниот фактор - смештај, капацитети сме далеку од добро. Прво немаме стандардизација на евалуација на хотелските капацитети (еден хотел пишува дека е 4 ѕвезди но всушност по глобалната оценка треба да биде едно или две нивоа пониско). Истото важи и за помалите зданија кои се даваат на изнајмување. Рецимо Преспа е атрактивна за странците поради својата недопрена природа но од друга страна капацитетот да собере гости е крајно дефетистички и не вреди да се спомне.
Фактот е следен - странците и покрај тоа што првично би се сместиле во хотел наспрема домашно сместување, не сакаат местата да личат како од јајце на јајце. Така да покрај комуникативниот фактор кој треба да понуди барем солидна врска со главните центри во земјата (недајбоже треба некој повреден да носиш во болница), атрактивниот фактор треба да го тера својот максимум. На крај краева тоа е причината зошто странците се тука дојдени, нели? Значи што повеќе рекреација, помалку факултативни прошетки, повеќе манифестации кои за жал највеќе зависат сезонски и на крај да им обезбедиме добар сместувачки капацитет кој со тек на време би го надоградувале.