Какво кафе пиете?

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Како работу туја кафе више не ми е тој што ми беше
Порано испију кафе, рокне ме бре расположи ме, ококори ме , осфести ме, не ми се спие ич кд испију кафе
А ск, ск не ми реагира ич, навикнаја организам више, не ме удара не ме т'ца : ) ( литературан превод за т'ца ваљда би било не допира) hahha не ме допира кафето бе пеер : )
Koлко и да га напрау јако топло нес или турско, или па доза ипол у кратко еспресо... џабе еј, па ми се спие
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Навика,потреба или уживање?

3 во 1! (wasntme)

Во последниве 2/3 месеца си го пијам инстант кафето Fiesta (Кам) и многу повеќе ми одговара од Ness-от кој знае да ме направи нервозна понекогаш.

Fiesta.jpg

2 лажички фиеста + 2 лажички шеќер + 1 лажичка млеко во прав = совршеното кафе за мене!
Ако е Ness, 1 лажичка е доволна.

На лето го пијам ладно, направено со машинка: 1/2 лажички инстант кафе + 2 лажички шеќер + 2 третини вода + 1 третина млеко + 3/4 коцки мраз = најсовршеното кафе ever!

Coffe late, magazine, croissant.jpgCoffee in a glass, simple.jpg Milton & Small cold brew coffee, dark roast.jpgIced ness in twisted glass and a small glass of water.jpg
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Да бидам искрен, јас без кафе не можам да опстојам.
Во 5 наутро пијам турско, крај 9 пак турско, околу 11-12 часот пијам најчесто Макијато(или во Кичево познато по„Мало со ладно“) после ручек обавезно жена ми вари турско инаку ручекот не се рачуна за ручек, и ако дојдат гости навечер уште едно.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Јас живеам од кофеин и никотин :kafe(smoke)
А моето кафе е наутро турско со млеко, а после цел ден нескафе нематено со повеќе млеко (топло, ладно сеедно)...:)
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Турско кафе ама горко со кајмак,во кафич скоро секогаш еспресо и тоа кратко без шеќер убаво да ми загорчи и да ме размрда:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
нес нематено,без мраз! :sreken турско не пијам ич по дома..си праам сама нес и дури поубаво ми е од кафич!
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Налетав на еден рецепт за совршено ладно кафе. Некои работи ме збунуваат, но јас сепак ќе ви го напишам:

Пола кило мелено кафе (е сега не знам точно какво, тоа најмногу ме интересира). Сипете го во било каков голем сад.

1.jpg

Сипете 2 галони, или по нашки, 7 литра вода (?:eek)

2.jpg

Мешајте го додека кафето и водата не се соединат. Потоа, затворете го и оставете го 8 часа да мирува.

3.jpg

Кога ќе поминат тие 8 часа, наместете цедалка и врз цедалката крпа за процедување, врз садот во кој ќе ги префрлите кафето.

4.jpg

Убаво исцедете го и префрлите го во сад во кој ќе го чувате во фриждер, бидејќи нели, кафето е наменето да се пие ладно.

5.jpg

Забелешка: оваа литража на кафе е за 3 недели до месец дена.

Кога ќе бидете подготвени да си сипете во чаша, наполнете ја до врв со коцки мраз, потоа наполнете ја чашата со кафе до половина, а остатокот со млеко. Додадете шеќер по вкус.

6.jpg11.jpg7.jpg9.jpg10.jpg

Enjoy!
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
DarkPassenger колку што гледам на пакувањето горе пишува дека е за еспресо, а мислам дека тоа за еспресо не е печено кафе како она што го викаме турско кафе туку е смелено и миено во базени. Од моево кафеџиско искуство крпи за цедење...ја би препорачал филтер хартии.

(патем, 7-8 литри дај му ги на некој ко мене ќе ги снема за 7-8 дена а не за 3 недели.)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger