Кога ќе ми текни какви се не телефони сум имала си се смеам сега си прам, барем напредував.
Телефон додуша и не користам многу сем за читање работи онлајн кога чекам некаде и ми е досадно па и колку е добар тој телефон не ми е многу битно.
Најголема важност давам на камерата, досега гледав да има само предна а од сега и нејзиниот квалитет па следниот пат кога бирам телефон ќе гледам да биди со подобра камера зошто тоа е единствено за што го користам телефонот.
Прв телефон мислам ми беше моторолчето
брзо го сменав со тој на татко ми зошто не ми ги береше 10те песни кои најмногу ги сакав.
Едино го седов овој Сагем, исто со преклоп зошто береше мемориска од дури 1гб па можев да ставам поќе од 10те песни кои ги сакав
Потоа го имав мојот прв тач телефон
Знам имав и мало стапченце со него шо ми падна од 3 спрат во 7мо (мислам дека тој период го имав овој телефон), околу 7 одд, а првите два 5-6 зошто живеев далеку па моите ме почестија со flip-flop телефон за да можат да ме слушат дур си идам од училиште или ако нешто ми притреба. За овој телефон постојано добивав критики дека е многу слаб и дека со интензитетот на паѓање телефони кој го правев, не би издржал со мене 2 години. И вистина не издржа. Не го скршив туку ми падна в шолја. Реално ова телефонче најмногу си го сакав, и тоа ми ја читаше 1гб мемориската шо ја платив колку една 16гб мемориска шо чини сега
И морма да признаам стапчето најмногу сакав и премногу бев тажна кога го скршив
И после тоа почнав со Алкателите. Овој Декември се надевам тоа ќе престани
Сеуште е во сопственост на татко ми и нема сила шо ќе го натера некој да го смени ова телефонче. Го користев извесен период и е едно од најубавите телефончиња кои сум ги користела.
До лани користев Alcatel OT 985
Е како со ова ѓубре шо се имам нервирано, со ништо толку.
И моментално имам Alcatel OT Pop D3
И искрено сум многу задоволна, доволно брз е, не кочи како сите претходни. Едноставно погоден за се она шо сакам јас да го прам со него.
И сликите како шо ги барав гледав да ја доловам и бојата која сум ја имала, онака исти
И моментално имам уште едно најубо телефонче, чипичанче:
Го користам кога одам некаде надвор од град, да патувам и знам дека нема да ми додржи батеријата на мојот телефон а ќе нема каде да го наполнам или ако мрежата ми паѓа на другиот (тој е воедно најголемиот проблем кој го имам), па си го носам чипичанчето. Многу си се сакаме