Италија

Provenzano

Староседелец
23 април 2012
14
19
1,003
Што сакам да го посетам другар.. :) Се најубаво сум слушал за тој град!
јас са не знам шо со слушал ама у кратки црти ке ти кажам шо би требало да видеш од Piacenza (оти нели тука живеам дее...). Прво место дека шо ке стигнеш у Piacenza и имаш некој блисок тука дека шо ке те однесе е Bar Bologna. Одма е спрема железничката. Тама нема шанси да не најдеш Македонци. Piazza Duomo и Piazza Cavalli се доста убави плоштади. Летно време посебно недела ак сакаш да сретнеш бааги Македонци можеш да ги најдеш у Faxhall или а.к.а. Долгиот Парк. Тука значи ц'цка од Македонци. Друго не знам шо би можело да те интересира само ке ти кажам да избегаваш да излеваш у Oriente ак ти кажат оти тама се организира Македонска забава. Место дека шо топло ти препорачувам да одеш ак сакаш да видеш и за познаеш Македонци ти е Bar Casalli шо е одма до истото школо. после тава не знам... кажи шо те интересира па ке ти кажам или упатам ак нормално, можам ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Лигурија е италијански регион, сместен на северо-западниот дел од Апенинскиот Полуостров и која како главен град ја има Џенова. На југ се граничи со Лигурското Море, на запад со Франција(регионот Прованса - Алпи - Азурен Брег, на север со регионите Пиемонте и со Емиља-Ромања и на исток со Тоскана. Лигурија е составен дел од Еврорегионот Алпи-Медитеран. Со своите 5.421 km² Лигурија е еден од најмалите италијански региони но е еден од најгусто населените, особено во приморските делови каде што е концентриран најголемиот дел од економските активности. Меѓу1950 и 1960 година, бројот на населението во Лигурија пораснал благодарение на големата имиграција од Јужна Италија, пред се во Џенова. Денес, по затворањето на многу фабрики, иселеничкиот бран престанал, што не важи и за туристичкиот, имајќи предвид дека Лигурија е една од најпознатите италијански туристички дестинации. Освен Џенова која е главен град на Лигурија, други познати лигурски градови се и Империја, Ла Специја, Савона, Бордигера,Портофино, Сан Ремо и Сестри Леванте.

Лигурија е регион во Италија кој има највисок процент на стари лица и кој се наоѓа на самото дно на листата на наталитет. Речиси една четвртина од населението е над 65 годишна возраст.
Заливот Ла Специја е наречен уште и „Залив на поетите“ во спомен на англиските поети Шели и Бајрон кои таму престојувале на почетокот на 1800.

liguria.gif
cinqueterre03.jpgsori.jpg
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Да прашам дали некој кој има одено во Италија го посетил и Гардаланд?
http://www.google.com/search?tbm=is...bih=629&q=Gardaland&btnG=Пребарај+слики&gbv=2

Ме интересира како се движат цените да го посетиш тоа место/Ми имаат кажано околу 50 евра но за вакво место не сум сигурна дека е толку,па ако знае некој нека напише.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Ви претставуваме италијанска приморска населба, која станува сé попопуларна туристичка дестинација…

Романтичната населба Positano е уникатно место кое мора да се посети !!! Всушност, станува збор за мало село, односно комуна која се наоѓа на брегот Амалфи. Убавата клима, идиличната поставеност на куќите и останатите објекти… целото место предизвикува воздишки и заслужува особено внимание… Додека сончевите зраци се на хоризонтот, ова место ги празнува блескавите бранови… Кога ќе падне мрак и кога целото ова место ќе светне – настанува експлозија од емоции…

Тешко дека ќе можете да ѝ одолеете на оваа убавина !!!

1-13-660x441.jpg1-21-660x528.jpg1-33-660x495.jpg1-42-660x440.jpg1-52-660x439.jpg1-63-660x439.jpg1-81-660x495.jpg96-660x495.jpg
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
јас са не знам шо со слушал ама у кратки црти ке ти кажам шо би требало да видеш од Piacenza (оти нели тука живеам дее...). Прво место дека шо ке стигнеш у Piacenza и имаш некој блисок тука дека шо ке те однесе е Bar Bologna. Одма е спрема железничката. Тама нема шанси да не најдеш Македонци. Piazza Duomo и Piazza Cavalli се доста убави плоштади. Летно време посебно недела ак сакаш да сретнеш бааги Македонци можеш да ги најдеш у Faxhall или а.к.а. Долгиот Парк. Тука значи ц'цка од Македонци. Друго не знам шо би можело да те интересира само ке ти кажам да избегаваш да излеваш у Oriente ак ти кажат оти тама се организира Македонска забава. Место дека шо топло ти препорачувам да одеш ак сакаш да видеш и за познаеш Македонци ти е Bar Casalli шо е одма до истото школо. после тава не знам... кажи шо те интересира па ке ти кажам или упатам ак нормално, можам ;)

Гледам живееш во Италија. Што ќе кажеш за Римини и Сицилија, дали се добри за летен одмор? Плажи, градчето дали е добро да шетање, ноќен живот, цените какви се инт.....
Општо се би ме интересирало за тие градови зошто највеќе ги фалат.
 

freak

Староседелец
18 јуни 2012
190
120
1,043
27
Битола
Aaahhhhh la bella Italia (inlove) Заљубена сум во оваа земја. Бев во Рим, Неапол и Бари. Останав без зборови. Незнам како да опишам колу е прекрасно.....Нема друга земја која е полна со толку многу љубов. Храната, Италијанците...сосема ќе ти го променат животот. Италија е рај на земјата.
 

Peace

Истакнат Член
3 ноември 2013
9
14
103
25
Во Италија живеев 5 год, имам прошетано и има многу убави места, луѓето се многу културни гостопримливи и трудоњубиви , имаат свои правила и навики. Ви препорачувам да ја посетите државата и да ѓи посетите сите прекрасни места, и по можност да ја пробате италјанската храна и сите прекрасни традиционални специјалитети, бидејки навистина се прекрасни. :kafe

Сум била во Сицилија и Лигуриа прекрасни места се . Особено островот Сицилија е прекрасен има премногу места кое се навистина воодушевувачки. Таму е вулканот Етна и има многу убави места за летување. Ви препорачувам да ги посетите. Убавините во Италија ќе ви остават голем впечаток и незборавни моменти . ;)
 

Carmichael02

Истакнат Член
12 август 2016
6
3
103
25
Во јуни бев во Верона, Лидо Ди Јесоло и Венеција. Сите три градови ( иако Лидо Ди Јесоло не е баш град) ми се допаднаа на различни начини, но сепак најмногу ми се допаѓаше Венеција. Сите тие канали и тесни улички....ме оставија без зборови.
Следни на мојата листа се Рим и Милано.
trevi-fountain-rome-night-cr-getty.jpg

best-of-milan-experience-including-da-vinci-s-the-last-supper-or-in-milan-183769.jpg