Италија

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
28418_123376104347083_100000240811181_246994_4148249_n.jpg
еве најдов една од мобилен сликана ,поглед од кафич :)

Соколов поглед.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Дуждовата палата (италијански: Palazzo Ducale) е готска градба во Венеција.
Сегашната палата датира некаде од 1309 до 1424, но е изградена врз база на претходни нацрти од 9 век на Филипо Календарио. Џовании Бартоломео Буон ја конструирале таканаречената Porta della Carta, монументална доцноготска порта која се наоѓа на страната на Пјацетата.
Палатата била тешко оштетена од пожар на 20 декември 1577 година. Така, по започнување на реновирањето било одлучено повторно да се зачува оригиналниот готски стил, и покрај поднесувањето на нео-класични проекти од страна на влијателни архитекти како Андреа Паладио. Сепак постојат некои класични елементи како на пример Мостот на воздишките кој ја поврзува со затворот.
Палатата била резиденција на Дуждот и во него се наоѓале канцелариите на разни политички инстутуции. На првиот спрат биле сместени правниците; Канцеларијата; Цензорите и Поморските служби. На вториот спрат е Големата Сала на Советот, Жрепната комора и одаите на Дуждот. На третиот спрат се наоѓа т.н. Sala del Collegio (украсена со слики, меѓу кои портрети на неколку дуждови, и сликатаЛепанто од Паоло Веронезе) каде се вршеле приеми на амбасадори. Таму наоѓаме и владини соби како собата на Десетката. Во зградата се наоѓа и комората Bussola, каде граѓаните поднесувале жалби и поплаки, салата наречена Sala dei Tre Capi и собата на Државниот Инквизитор.
Веројатно најраскошната соба е Големата Сала на Советот или Sala del Maggior Consiglio во која се одржувале состаноците на законодавното тело. Овој огромен простор е прекриен со слики, по ѕидовите и по плафоните, особено со протрети на дажовите, но исто така и Тинторетовото дело со огромни димензии наречено Рај, која е најголемата слика на платно во светот.
Исто така треба да се спомне собата наречена Sala dello Scrutinio, со уште портрети на дуждови, и други интересни слики како Лепантона Андреа Вичентино.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Шпанските скали се група на скали во Рим, поставени на стрмниот нагиб меѓу Шпанскиот плоштад на почетокот од скалите и плоштадот Тринита деи Монти со црквата Тринита деи Монти во горниот дел, по завршувањето на скалите.
Плоштадот во 18. век, скициран од Џузепе Васи, со поглед од исток.
Монументалните скали (точно 138 на број) биле изградени со парите од тестаментот на францускиот дипломат Стефано Гуфие (20.000 скуди) во периодот од 1723 до 1725 година. Скалите се најдолги во Европа.

450px-Spanish-steps.jpg

Шпанските скали биле дизајнирани од страна на малку познатиот Френческо де Санктис во 1717 година, иако долго се сметало дека дизајнот е на Алесандро Спеки .Одлуката била донесена по генерации на дискусии околу начинот како да се урбанизира на стрмниот нагиб во Пинчио. Решението било изградба на големи скали, користејќи некои од конвенции на терасните градински скали. Архивираните цртежи од 1580-тите покажуваат дека папата Григур XIII бил заинтересиран за изградба на скали до штотуку завршената фасада на француската црква. Изгледот на дрвениот нагиб, кој го изрбаботил холандскиот сликар Гаспар ван Вител во 1683 година, уште пред изградбата на скалите, денес се чува во Националната галерија во Рим. Кардиналот Мацарин се заинтересирал за реализацијата на проектот, кој бил наведен и во тестаментот на францускиот дипломат Стефано Гуфие, а бил доверен на негов пратеник во Рим. Планот на проектот вклучувал коњички споменик на францускиот крал Луј XIV, што предизвикало возбуда кај папата. Но, Мацарин починал во 1667 година, папата во 1671, а Гуфеовиот тестамент бил распределен, па проектот останал незапочнат, сè додека папата Климент XI не пројавил повторно интерес.
Конечно, проектот за изградба на скалите започнал во 1723 година, со пари од тестаментот на Стефано Гуфие (20.000 скуди), а истиот бил завршен во 1725 година.
Уште во 18. век, Жозеф де Лалан и Шарл де Брос посочиле дека скалите се во лоша состојба, па оттогаш истите биле обновени неколку пати, а за последен пат во 1995 година.

spanish_steps.jpghotel-art-by-the-spanish-steps.jpg

http://www.italyguides.it/us/roma/spanish_steps.htm
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Плоштадот Свети Марко (италијански: Piazza San Marco) е главниот плоштад во Венеција, Италија.
Една забелешка, која најчесто му се припишува на Наполеон (но, најверојатно, поточно е дека тоа го кажал Алферд де Мусе) вели дека плоштадот е „Сликарското ателје на Европа“. Плоштадот е едно од ретките урбани простори во Европа, каде човековите гласови го совладуваат звукот на моторизираното движение, што се должи на Венецијанските канали. Тоа е единственото место во Венеција кое се нарекува пјаца. Останатите, во зависност од големината, се нарекуваат кампи.
Како најзначајна забележителност и главно собиралиште во Венеција, Плоштадот Свети Марко е екстремно популарен меѓу туристите,фотографите и венецијанските гулаби. Плоштадот потекнува од 9 век, кога претставувал само мала област пред оригиналната Базилика Свети Марко. Проширен е во 1177 год., кога ја добил неговата сегашна големина и форма и кога биле поставени Рио Батарио, кој го ограничил од запад, и пристаништето, кое ја изолирало Дуждовата палата од плоштадот. Реорганизацијата била направена во чест на средбата меѓу папата Александар III и владетелот Фридрих Барбароса.
Плоштадот отсекогаш бил гледан како центар на Венеција. Тој бил локацијата на сите значајни канцеларии на Венецијанската држава и бил седиште на Архиепископјата од 19 век наваму. Плоштадот, исто така, бил центар и на многу Венецијански фестивали. И денес плоштадот е многу популарно место.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Планината Етна (Aetna на латински), исто така позната како Muncibeddu (прекрасна планина) на сицилијански или Mongibello на италјански е стромболијански вулкан на источниот брег наСицилија.
Нејзиното арапско име било Jebel Utlamat („Огнената планина“). Етна е најголемиот активен вулкан во Европа со височина од 3,329 метри, но тоа варира според ерупциите. Планината е пониска за 21 метар од 1981.
Таа е највисока планина во Италија јужно од Алпите. Етна зафаќа простор од 1,190 km² со основа на периметарот од 140 км. ,,
Етна е најголем од трите активни вулкани во Италија, со тоа што е два пати поголем од вториот најголем вулкан во Италија, Везув. Исто така Етна е и еден од најактивните вулкани во светот.
Плодната вулканска почва ја подржува агрокултурата, поволна е за одгледување лозје и разни видови овошје кои се распространети во долните делови на планината.

280px-EtnaAvió.JPG
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Рим е градот на вечноста, градот на историјата, градот на археологијата и архитектурата,град на религијата и градот на ФУДБАЛОТ! Како сакате кажете го Рим,на било кој јазик,Рим е Рим! Преплавен со туристи кои се сликаат, со госпоѓици и госпоѓи кои пијат кафе на секој агол и со бизнисмени кои се возат на веспи. Во Рим нема да најдете лошо облечен човек,сите се тип-топ скоцкани и скроени по најновата мода и гордо се шетаат и довикуваат на сите страни. Римјаните воопшто не се срамежливи,имаат храброст да се додворуваат на секого,па дури и на улица, додека девојките се посрамежливи и секогаш се во големо друштво.
Рим е како да јадеш цела кутија чоколодни бонбони со ликер во еден здив,никогаш нема да се заситиш од неговите скриени катчиња, од неговата урбаност и преголемата раздвиженост на градот. Но никако не го напуштајте Рим без да пробате вкусна,со тенка-кора,крцкава.римска PIZZA! Трагајте по место со forno legna (фурна на дрво), чаша од најубавото бело вино Falernian и слушајте ја мелодијата на Canzone Napoletana, О sole mio,Torna a Surriento, Funiculì, Funiculà,Santa Lucia….
trevi_fountain_rome_italy.jpg
Наш совет е да се искачите на ридот Авентин, да ја поминете прекрасната градина на розите и ќе стигнете во паркот со портокалови дрва. Токму овој парк овозможува прекрасна глетка на Рим и го има најубавото зајдисонце на цел свет. Од тука ќе го видите Колосеумот, Ватикан, Piazza Venezia, Fontana di Trevi, Capela Sistina….
Доколку пак сте љубители на фудбалот, не ја пропуштајте шансата да го посетите стадионот Олимпико – величествена градба северот од градот. Токму овде се одржува финалето на купот на Италија, се одржувале Олимписки игри, Светски првенства во фудбал и атлетика,овде и Горан Пандев ги затресуваше противничките мрежи. Токму на тоа место играа звезди како Батистута, Кафу, Тоти, Касано, Недвед, Креспо….разгледајте го мини музејот и присетете се на сите тие Великани.
Кога ќе ги искачуваме славните Шпански скали се приклучуваме на улицата Виа Кондоти, на која се наоѓаат најмаркантните бутици од ранкот на Armani, Gucci, Dolce & Gabbana, Furla и Pradа. Често на ова место може да се забележат славни лица… од манекенки до модни креатори, пејачи, спортисти…неодамна на таа улица и славниот фудбале Паоло Малдини отвори свој бутик.
rome_034p.jpg
Не заборавајте додека сте во Рим фрлите паричка во фонтаната Треви и да си замислите желба,а таа паричка иде во таканаречениот Вечен град и желбата ќе ви биде исполнета. Неодамна Римскиот суд го осуди Роберто Церцелета поради собирање парички од фонтаната. Имено, Роберто собрал 180.000 $ во текот на целата година, а тие пари се третираат како јавни пари.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Следат неколку необични пејзажи од прекрасната Италија. Автор на оваа колекција фотографии е наставникот од Тревизо, Џузепе Десидери. Фотографиите ја прикажуваат неговата родна земја Италија во една поинаква и мистериозна атмосфера.
misterioznaitalija12.jpg


misterioznaitalija9.jpg

misterioznaitalija10.jpg

misterioznaitalija16.jpg

misterioznaitalija17.jpg

misterioznaitalija15.jpg

misterioznaitalija13.jpg

misterioznaitalija11.jpg

misterioznaitalija8.jpg

misterioznaitalija7.jpg

misterioznaitalija2.jpg

misterioznaitalija3.jpg

misterioznaitalija6.jpg

misterioznaitalija18.jpg

misterioznaitalija4.jpg

misterioznaitalija5.jpg

misterioznaitalija14.jpg

misterioznaitalija1.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: street_chic