Италија

LMFAO

Истакнат Член
8 април 2012
381
301
63
Бев минатата година на екскурзија. И во сите места што ги посетивме, владееше таква атмосфера за човек да посака да не си замине. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Бев минатата години на екскурзија. И во сите места што ги посетивме, владееше таква атмосфера за човек да посака да не си замине. :)

Јас вчера се вратив од Италија (Венеција, Фиренца и Рим). Преубаво си поминав, штета што сликите се големи и со појака резолуција и неможам да ги прикачам. :(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LMFAO

LMFAO

Истакнат Член
8 април 2012
381
301
63
Јас вчера се вратив од Италија (Венеција, Фиренца и Рим). Преубаво си поминав, штета што сликите се големи и со појака резолуција и неможам да ги прикачам. :(
И јас имам слики, ќе пробам да прикачам сега некоја. :)
 

LMFAO

Истакнат Член
8 април 2012
381
301
63
Само, како може да се внесуваат слики од компијутер..? :trepka
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Омилена земја ми е....поради нејзините убавини, поради нивната храна,музика, самиот народ....и би сакала да отидам....еве се надевам за 2 години на апсолвентска екскурзија дека ке поминеме таму :rolleyes:
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Омилена земја ми е....поради нејзините убавини, поради нивната храна,музика, самиот народ....и би сакала да отидам....еве се надевам за 2 години на апсолвентска екскурзија дека ке поминеме таму :rolleyes:

Јас бев за Велигден и да ти кажам Рим преубав е. Не сум го видел Париз но мислам дека и од Париз е поубав. Ете ти слики гледај на ФБ. :D
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Фиренца - градот кој мора да се доживее
Фиренца е еден од оние градови за кој луѓето сонувале да го посетат уште пред стотици години. За време на ренесансата таа е главен центар на мислата...

...изразувањето и уметноста од сите видови.
Голем број прекрасни цркви, раскошната палати и импресивни споменици биле изградени во текот на вековите, што ја прави Фиренца еден од најпосетените градови во Италија!
Ова се 8 места кои вредат да се посетат во Фиренца.
1. Тура низ галеријата Uffizi
firenca-gradot-koj-mora-da-se-dozivee-1.jpg

Една од највосхитувачките галерии во Фиренца. Оваа неверојатна збирка се наоѓа на најгорниот кат на Palazzo delgi Uffizi. Зградата главно се користила како административни простории за Medici големиот војвода Cosimo I, но подоцна била и делумно отворена за јавноста. Ова, во суштина, е и прв јавен музеј во Европа.
Во утринските часови најчесто е полно со туристи, па затоа, ако сакате мирно уживање, посетете ја галеријата попладне.
2. Anfiteatro Romano
firenca-gradot-koj-mora-da-se-dozivee-2.jpg

Римскиот амфитеатар датира уште од 1 век п.н.е. Има место за 2000 патрони, а се употребува и денес. Околу театарот има и други објекти како Римската бања, два мали музеи како и куќата со археолошки артефакти.
3. Palazzo Vecchio
Првично изграден кон крајот на 1200 и почетокот на 1300 од страна на Arnolfo di Cambio, замокот познат како Палацо Векио сега служи како градско собрание во Фиренца. Замокот бил првично изграден за да послужи како зграда на владата, но бил напуштен за краток временски период, а потоа станал Градското собрание. Задолжително посетете ги двете најпознатите соби во зграда: Sala dei Cinquecento и Studiolo.
firenca-gradot-koj-mora-da-se-dozivee-3.jpg

Првата е во чест на 500 члениот совет кој одржувал состаноци овде, додека втората е наменета на синот на Козмо, Франческо.
4. Piazza della Signoria
firenca-gradot-koj-mora-da-se-dozivee-4.jpg

Плоштадот Piazza della Signoria е дел од историјата на Фиренца стотици години. Монахот Савонарала бил егзекутиран токму тука. Ова е дом на голем број статуи од 14тиот век вклучувајќи ја фонтаната Нептун и Loggia dei Lanzi.
5. Campanile
firenca-gradot-koj-mora-da-se-dozivee-5.jpg

Готската камбанарија е дизајнирана некаде помеѓу 1266 и 1337 година од Џото. Препорачуваме да се искачите по 400те скали затоа што ќе бидете наградени со поглед на градот кој го одзема здивот.
6. Базиликата Santa Croce
firenca-gradot-koj-mora-da-se-dozivee-6.JPG

Црквата Санта Кроче е една од најконтроверзните и познат во цела Фиренца. Во рамките на црквените ѕидови се сместени гробови, гробишта и споменици кои припаѓаат на Микеланџело, Галилео Галилеј, Никола Макијавели, Лоренцо Џиберти, Данте Алигиери. Точен факт - Галилео не добил свој соодветен погреб до речиси 100 години по неговата смрт како казна за неговиот обид да докаже дека Земјата не е центар на целиот универзум.
7. Паркот Le Cascine
firenca-gradot-koj-mora-da-se-dozivee-7.jpg

Порано бил приватен имот во сопственост на Медичи, а отворен за јавноста кон крајот на 19 век. Паркот се протега на 291 хектари и е омилена дестинација за велосипедисти, џогери, скејтери.
8. Piazzale Michelangelo
Плоштад направен во чест на Микеланџело е релативно модерен додаток во градот завршен во 1869 година. Овде се сместени неколку негови реплики изработени од бронза. Овој плоштад е популарна туристичка дестинација заради неверојатниот панорамски поглед од врвот на ридот.
firenca-gradot-koj-mora-da-se-dozivee-8.jpg

И секако, уживајте во магијата на овој град кој никого не остава рамнодушен. Едноставно, Фиренца е нешто што мора да се доживее.