После нашиот чуден муабет пред 3 дена, јас сум сеуште збунета.
Прв пат твојот поглед ме допре, ме збуни... Знам што си мислеше, истите мисли ме одѕвонуваат во глава веќе три дена.
Шта би било кад би било....
Не сме добар пар, никогаш не сме биле. Ќе бевме во хаос
Ти би ме чувал како капка на дланка, а јас не знам како да се справам со твојата љубов.
Не знам како да бидам нечија прва љубов, не знам како да се справам со твоите светкави очи кога ме гледаш.
Ме боли твојот поглед, ме боли твојата збунетост.
Не сакам да ти предизвикам хаос, не сега кога имаш девојка и кога знам дека ја сакаш.
Иако мислам дека тоа го направив.
Ќе те прашам некогаш дали сеуште се надеваш.
Те изгубив веќе, не знам дали можам пак...