Абе па дочитувај, може крајот бил сосема поинаков.

Тоа е, за жал, просечниот квази-верник. Сосема нелогично и лицемерно е човек да греши, па да трча кај попот, па пак да греши демек претходново му е простено. Тоа е „верник“ за своја корист т.е. повеќе е исплашен за тоа што би го снашло по смртта отколку што се кае за стореното.
А, отецот служи само ко некој гласник помеѓу грешников и Господ, па после горниов одлучува. Пробабли.
Иако, целиот концепт е збунувачки (и малце оф топик).
Нели по смртта (кај некои и на смртна постела) иде поп да ја благослови душата и да помогне грешников да биде прочистен од гревовите. Впрочем, веројатно тоа е и целата поента - да се обезбеди мир и рај на починатиот + постои она дека Господ е голем и простува.
Од ова, фактички, душата е чиста и ѝ се обезбедува место во рајот... и тука се губи сета смисла на рај и пекол.
Во пеколот останува да оди само оној што не е христијански закопан... што најверојатно не е ни христијанин, па за него не важат тие правила. Значи пеколот е населен ко Македонска Каменица.
А да, да се едитирам: Земаат по гробишта и по 200-500 денари (ваљда кој сака побогата бања, плаќа повеќе) за оние т.н. тресаѓи, демек капење на мртвиот со вино и света вода, му идело ем телесно (втф, кое тело?), ем душевно прочистување. ММЕ и во рајот ли грешат?