Исповед

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Прочитав предмалку нешто интересно, барем мене ми е, можеби има тема за исповед, не проверив:)
Некои луѓе поминувајќи по улица, здогледале некој старец како копа во градината и го запрашале што прави. Старецот им рекол дека ја исповеда градината...луѓето му се насмеале и го запрашале како тоа може да се исповеда градина!?
-Може, може, јас редовно со копање ја исповедам мојата градина, вадам корења, трње, коров, затоа и доматите ми се убави и црвени, кога не би го правел тоа, доматите ќе беа жолти и закржлавени! - им одговорил старецот на луѓето.
Исповедувањето било олеснување на душата..за некои луѓе кои се мачат многу пред да умрат, велат дека имале многу гревови и дека треба да им дојде некој духовен човек за да ги исповеда како би можеле полесно да го напуштат овој свет.
Незнам дали во нашиве православни цркви постои обичај или има место каде што можеш да отидеш и да се олесниш од гревовите, да се исповедаш или како што некои велат да се приближиш до Бога!?
 
marchi

Староседелец
22 декември 2015
2
0
601
34
Незнам дали во нашиве православни цркви постои обичај или има место каде што можеш да отидеш и да се олесниш од гревовите, да се исповедаш или како што некои велат да се приближиш до Бога!?
pred nekoe vreme i jas pomisliv na ova.dalivo pravoslavnite obicai ima mesto kade sto moze covek da si ja olesni dusata. bas i mene me interesiraat vasi mislenja
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
pred nekoe vreme i jas pomisliv na ova.dalivo pravoslavnite obicai ima mesto kade sto moze covek da si ja olesni dusata. bas i mene me interesiraat vasi mislenja
Порано луѓето многу често оделе во црква, оделе на литургија, се молеле, но денес, вероватно и поради поинаков начин на живот, современ да го наречам, црквите ги гледаме полни само кога е празник, особено на Велигден и Божиќ, не одат на исповед, а сето ова е далеку од правиот начин на живеење на еден прав верник кој го почитува бога...Читав дека имало исповед преку електронска пошта, па постоеле дури и фејсбук свештеници за исповед, но црквата од пред некое време ставила забрана на свештениците за користење на соц.мрежи за такви намени, како не би дошло до злоупотреба на податоци.
Исповедот велат дека е тајна која ја обавува Господ преку свештеникот и треба да се припремиш ако сакаш да одиш на исповед.Гревот е духовна болест а црквата е духовно лекувалиште а свештеникот му доаѓа како сведок на покајанието.
Мислам дека треба секоја црква да овозможи исповед на своите верници, да има посебо место, незнам како се вика тоа собче со прозорче мало..не сум упатена многу во тој дел.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Јас знам за жена што седеше недела дена во манастир некаде по овие јужниве местенца по Србија, што значи веројатно има и кај нас таква опција, или еве, бар блиску е преку граница. Мислам било кој поп може да даде одговор што и како.
Мајка на пријателка на моиве, жената не можела да се помири со сопругата на синот, па нормално, се беше занимавала со оние врачарења, конци, катанци, што ти знам таму, демек магии за снашката... и кога доби внуче, реши да се менува. :D Балкански филм.
Не знам баш како иде тоа, помала бев... веројатно нејзиново било некое повисоко ниво на прочистување, не само обичен исповед.
Муабетов беше како прво мора да се искаже, да покаже покајание, па се пости цела недела без зејтин, па миса, миросување секој ден, молење наутро и пред спиење (имаше едно ко книже-календарче со молитви), нема ТВ, телефони и слично, само комуникација со Бога таа недела. Your usual, expected stuff.
Што знам... се преселивме и немаме толку контакт со луѓето, ама мене и после тоа ми делуваше иста. Имаше погана уста колку за тројца...
Секогаш ми биле феномен тие луѓе што имаат стравопочит кон Бог, постат, се причестуваат, а после пак кон луѓето се ѓубриња. :eek
 
Прочитав едно прашање упатено од жена до еден свештеник, каде го замолува да и објасни и да и даде совет..женава иде на исповед каде што се покајува за гревовите но истовремено вели дека неможе да се промени, неможе да го замисли животот и не го сака таков ако треба да претрпи промени и да продолжи да живее на начин со кој не и е по воља.
Свештеникот и одговорил дека во покајанието е најбитното дека она ја сфака и ја признава својата грешност и дека ние луѓето на бога можеме само тоа да му принесеме, нашите гревови...Имаше уште нешто ама не дочитав, но сепак ми е интересно.
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Не само порано, туку и денес има многу луѓе (за кои ние ништо не знаеме) кои редовно си ги постат сите пости (и тоа пости во смисол нејадење месо и производи од животинско потекло, апстиненција од секс, апситненција од алкохол и цигари, непоганење на устата, не се караат, не мислат лошо, редовно си одат на исповед кај својот духовен отец, се консултираат со него за се’, бараат благослов од него за било што да решат да прават, си одат редовно на литургии...само што тие луѓе не одат по големите цркви, туку си одат во она црквиче или манастир кај што е нивниот духовен отец...
Јас имам блиски пријатели, млад брачен пар, кои го практикуваат тоа, така си живеат и функционираат многу добро, дури и се пронајдоа на манастир.
Јас лично немам духовен отец, ама во еден период кога ми беше многу тешко, другарка ми ме однесе кај нејзиниот отец на разговор..
Мислев дека сега ќе ми труби ова она, ама бев изненадена од текот на разговорот, од смирението кое го поседуваше и успеваше да ми го наметне...Дури и се изненадив за опуштеноста околу некои работи кои ги дискутиравме. Едноставно ме ислуша, ме советуваше и навистина ми помогна. Сепак се и тие луѓе од крв и месо, кои имале свој предходен живот како и останатаите смртници.
Не сум голем фан на попови и тие немаат никаква врска со верата и религијата. За нив црквата е бизнис.
А оние малкуте кои навистина веруваат во Бога и му се предани, зрачат со една посебна енергија која навистина влева надеж и верба.
 
Можеби глупаво е вакво прашање што поставувам но ме интересира дали знаеш а и бидејќи веќе си била на исповест, дали треба грев по грев да си ги кажува човек, значи да набројува каде , кога и на кого му згрешил(ако е така, листата ќе ми биде ептем долга)или може генерално да признае пред бога дека само згрешил и бара покајание!??
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Можеби глупаво е вакво прашање што поставувам но ме интересира дали знаеш а и бидејќи веќе си била на исповест, дали треба грев по грев да си ги кажува човек, значи да набројува каде , кога и на кого му згрешил(ако е така, листата ќе ми биде ептем долга)или може генерално да признае пред бога дека само згрешил и бара покајание!??
И јас исто ја прашав колешката што оди на исповест и рече мора да раскажеш се до детал што си згрешил, онолку пати колку што си мислел дека правиш грев, се да раскажеш. Мада јас кај неа не гледам некоја разлика, ги прави истите работи за кои таа мисли дека се грешни и оди на исповест, може дури и да почна да не осеќа грижа на совест пошто мисли дека после само ќе си каже што згрешила и се ќе и се опрости.

Обично само на филм сум видела такви нешта, до пред да ја знам нејзе озбилно не знаев дека и кај нас се прават такви работи, мислев дека тоа кај католиците само го има, ама ете и нашите оделе. Не ми е некако фер така со исповед да се простуваат гревовите или да речам грешникот да се осеќа во ред, а не треба.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Со исповед не се простуваат гревовите...и ниеден отец нема да ти рече дека ти се простени гревовите сега откако ги призна...
Целта на исповеста е покајанието...Дали навистина се каеш за нешто што си го сторил и бараш прошка за истото...
Отецот ќе ти рече да се молиш и да бараш прошка од Бога, и ќе се моли и тој за тебе, а в никој случај нема да ти рече дека сега ти е опростено.
А инаку @diva orhideja да ти одговорам на прашањето...
Дали мора да раскашеш до детали? Не мора, ама ако сакаш да ти помогне, е пожелно.
Види, духовните отеци се нешто како психолози...Имаат таков пристап, ти укажуваат джкаде си згрешил, што треба или не треба да правиш, едноставно те води и советува за да ти биде тебе полесно да се соочиш со ситуацијата или проблемот...
Во никој случај нема да ти го реши проблемот, ама ќе ти помогне да ги согледаш работите од друг агол кој многу ќе ти помогне во соочувањето со истиот.
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Поповиве кај нас се толкави неверници и лошотии што ако утре отидам и се исповедам дека сум убил човек и сум го закопал во бавча, следниот ден кај мене ќе има полиција и копачи кои ќе ми ја копаат бавчата.
Сакам да се исповедам ама не им верувам на поповите. :)