Се согласувам со
@Аркантос дека околу гревовите Библијата е доста контрадикторна.
Но, што се однесува до простувањето, „постапката“ е јасна: покајание, пост, молитва.
Постот ни е јасен на сите.
Молитвата исто така е јасна.
Покајанието е оној дел кој се однесува на исповедувањето. Кога се оди на исповед, исповедникот (поп или монах) е врската меѓу грешникот и Бога. Но за да се дојде до таа врска има „процедура“. Прво исповедникот дава молитва и кажува колку време и како треба да се чита. Така се подготвува верникот за покајание. Кога се оди на исповед, верникот може и да молчи онолку време колку што сака и едноставно после тоа да си замине. Што значи не е точно дека кога се исповедаме мора да си ги кажеме гревовите. Бог е присутен и ги слуша мислите, го осеќа покајанието. Во случај кога верникот сепак сака гласно да ги сподели своите гревови, исповедникот го исслушува, го советува и, ако одлучи дека треба, повторно му дава молитва (со упатства за користење
) а може, во некои случаеви и построг пост да препорача.