Исповед

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Поповиве кај нас се толкави неверници и лошотии што ако утре отидам и се исповедам дека сум убил човек и сум го закопал во бавча, следниот ден кај мене ќе има полиција и копачи кои ќе ми ја копаат бавчата.
Сакам да се исповедам ама не им верувам на поповите. :)
Исповедувањето е света тајна и не би требале поповите да ја оддадат таа исповест на некого.
Свештениците велат да не бираме попови, да не ги делиме на добри и лоши, оти тоа ѓаволот така не лаже за да не одиме во црква, за да не се причестуваме, да си останеме во гревови..така да размисли малку да не има некој ѓавол во тебе па не те пушта на исповед, сака да си игра со тебе;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: marchi

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Исповедувањето е света тајна и не би требале поповите да ја оддадат таа исповест на некого.
Свештениците велат да не бираме попови, да не ги делиме на добри и лоши, оти тоа ѓаволот така не лаже за да не одиме во црква, за да не се причестуваме, да си останеме во гревови..така да размисли малку да не има некој ѓавол во тебе па не те пушта на исповед, сака да си игра со тебе;)
Како да не. Имам видено полно попови кои викаат демек постат, а уствари по цел ден седат во кафана и лапаат ражничи и плескавици. Тоа ли е поп?
Ми земал ми наплаќа за кога ќе го викнеш за слава, каде пишува дека треба да се наплаќа? Си пикаат пари во џеб лоповите, не за џабе возат џипови. И дај олабави со тој ѓаволски муабет.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Прочитав едно прашање упатено од жена до еден свештеник, каде го замолува да и објасни и да и даде совет..женава иде на исповед каде што се покајува за гревовите но истовремено вели дека неможе да се промени, неможе да го замисли животот и не го сака таков ако треба да претрпи промени и да продолжи да живее на начин со кој не и е по воља.
Свештеникот и одговорил дека во покајанието е најбитното дека она ја сфака и ја признава својата грешност и дека ние луѓето на бога можеме само тоа да му принесеме, нашите гревови...Имаше уште нешто ама не дочитав, но сепак ми е интересно.
Абе па дочитувај, може крајот бил сосема поинаков. :zelen
Тоа е, за жал, просечниот квази-верник. Сосема нелогично и лицемерно е човек да греши, па да трча кај попот, па пак да греши демек претходново му е простено. Тоа е „верник“ за своја корист т.е. повеќе е исплашен за тоа што би го снашло по смртта отколку што се кае за стореното.
А, отецот служи само ко некој гласник помеѓу грешников и Господ, па после горниов одлучува. Пробабли.

Иако, целиот концепт е збунувачки (и малце оф топик).
Нели по смртта (кај некои и на смртна постела) иде поп да ја благослови душата и да помогне грешников да биде прочистен од гревовите. Впрочем, веројатно тоа е и целата поента - да се обезбеди мир и рај на починатиот + постои она дека Господ е голем и простува.
Од ова, фактички, душата е чиста и ѝ се обезбедува место во рајот... и тука се губи сета смисла на рај и пекол.
Во пеколот останува да оди само оној што не е христијански закопан... што најверојатно не е ни христијанин, па за него не важат тие правила. Значи пеколот е населен ко Македонска Каменица.

А да, да се едитирам: Земаат по гробишта и по 200-500 денари (ваљда кој сака побогата бања, плаќа повеќе) за оние т.н. тресаѓи, демек капење на мртвиот со вино и света вода, му идело ем телесно (втф, кое тело?), ем душевно прочистување. ММЕ и во рајот ли грешат? :D
 
Svetiot Duh

Активен Член
15 август 2015
80
120
43
127.0.0.1
Хмм исповед.. ниту во поп верувам ниту пак во магичните ритуали.
Јас се исповедам сам на себе. седнувам се карам и си ги простувам гревоите оти на мојот храм јас сум газда, и си ја ранам душата да ме слуша. :igra
Вака или така гревовите си одат, тоа е нормална работа во животот и јас мислам дека нема потреба нашите гревови да ги заверуваме кај свето лице.
А од поп и ѓаолот бега.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja and Abraxas

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Абе па дочитувај, може крајот бил сосема поинаков. :zelen
Тоа е, за жал, просечниот квази-верник. Сосема нелогично и лицемерно е човек да греши, па да трча кај попот, па пак да греши демек претходново му е простено. Тоа е „верник“ за своја корист т.е. повеќе е исплашен за тоа што би го снашло по смртта отколку што се кае за стореното.
А, отецот служи само ко некој гласник помеѓу грешников и Господ, па после горниов одлучува. Пробабли.

Иако, целиот концепт е збунувачки (и малце оф топик).
Нели по смртта (кај некои и на смртна постела) иде поп да ја благослови душата и да помогне грешников да биде прочистен од гревовите. Впрочем, веројатно тоа е и целата поента - да се обезбеди мир и рај на починатиот + постои она дека Господ е голем и простува.
Од ова, фактички, душата е чиста и ѝ се обезбедува место во рајот... и тука се губи сета смисла на рај и пекол.
Во пеколот останува да оди само оној што не е христијански закопан... што најверојатно не е ни христијанин, па за него не важат тие правила. Значи пеколот е населен ко Македонска Каменица.

А да, да се едитирам: Земаат по гробишта и по 200-500 денари (ваљда кој сака побогата бања, плаќа повеќе) за оние т.н. тресаѓи, демек капење на мртвиот со вино и света вода, му идело ем телесно (втф, кое тело?), ем душевно прочистување. ММЕ и во рајот ли грешат? :D
Не оди баш така тоа со простувањето гревови. Има гревови што може да ти се простат, има гревови што никогаш ниту еден духовен отец нема да ти ги прости.
Пеење на гроб од страна на свештеникот, сосем може да се замени со пеењето тажаленки на најстарите жени од семејството, ама денес луѓето бидејќи не знаат од каде потекнува потребата за пеење...си плаќаат поп. Посмешни ми се тие што и тажат и пеат на гроб. Нема врска, само да си кажам. Според народното верување, што и не е баш со некоја Библиска, христијанска основа...повеќе ни е накалемено од доселениците од Шпанија, Италија... гревовиве по смртта се простуваат на ваквиот начин: јас од таа страна повикувам, вие од оваа страна довикувате и простувате... :) Само на тој начин имам шанса да си отидам јас со мојата душа на местото на кое заслужувам. Ама ако ми ги простите вие гревовите ама ич не значи дека ќе стигнам во рајот... бидејќи, ако сум правел прељуба, ако сум пиел алкохол, ако сум имал секс пред брак, ако сум сведочел лажно, ако сум имал во раце слика божја... сѐ тоа ме носи директ во пеколот...пејте вие до утре ако сакате.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and Prashina

Библијата вели дека сите гревови и богохулење се опростуваат, но само еден грев неможе никогаш да се опрости а тоа е грев кон светиот дух.
Да ни бидат опростени гревовите треба искрено да се покајаме за гревовите, не е работата само да одиме на исповед, да си наброиме што се сме направиле туку од срце да жалиме за стореното.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Библијата вели дека сите гревови и богохулење се опростуваат, но само еден грев неможе никогаш да се опрости а тоа е грев кон светиот дух.
Да ни бидат опростени гревовите треба искрено да се покајаме за гревовите, не е работата само да одиме на исповед, да си наброиме што се сме направиле туку од срце да жалиме за стореното.
Може ли да ми цитираш кон дел од библијата вели дека убиството е грев што се простува?
Ако е така, и Каина Исус ќе го земеше во рајот :)
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Може ли да ми цитираш кон дел од библијата вели дека убиството е грев што се простува?
Ако е така, и Каина Исус ќе го земеше во рајот :)
Искрено незнам а мислам и дека не постои, но некаде има запис дека самоубиството е неопростлив грев.....библијата ја имам отварано сто пати да ја читам, но знаењето ми е многу мало, повеќе се едуцирам(колку е тоа реално)од читање ете вака по форуми, сајтови, рекла- казала....
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Искрено незнам а мислам и дека не постои, но некаде има запис дека самоубиството е неопростлив грев.....библијата ја имам отварано сто пати да ја читам, но знаењето ми е многу мало, повеќе се едуцирам(колку е тоа реално)од читање ете вака по форуми, сајтови, рекла- казала....
Јас ја имам прочитано неколку пати, и пак има делови кои појма немам дали се, или не се во Библијата... Мислам дека дури ни поповите толку детално не ја знаат. Така што не се секирај, не пропушташ многу што ја немаш прочитано.
Контрадикторна е Библијата со гревовиве. Многу.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja and Altaïr

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
@Altaïr е во право.
Никогаш на поп не можеш да му се исповедаш со доверба. До сега не сум сретнала човек да ми рече сум бил/а на исповед ..
Заради демешниве попови луѓето се помалку веруваат во бога, се помалку луѓе постат, помасовно е облекување миничи на ден Велигден, кога Исус се врти околу црква (нели оној свечен ритуал кој трае едно 2-3 саати).
Јас лично го имам начекано попот во божиќни пости во ќебапчилница далеку од моето место со вино и со мевце.. Тоа нели е грев, тој каде ќе се исповеда? Нему душата кај ќе му оди? Уствари знак ? е дали воопшто ќе се разбуди совета во него па да се подзагрижи малку, да се покае.. тешко тоа кај денешниве попови.
За библијата.. Сум сакала да ја читам ама многу луѓе (познавајќи ме каква сум) ми препорачале да не ја читам оти ќе се соживеам со тоа и толку ќе се исплашам што се вика ќе се најдам најголемиот грешник на планетава. Ќе се плашам да живеам слободно, ќе одам по неа...
Не грешам мн ама не сум и безгрешна, голема совест имам и се каам кога ќе погрешам.. И баш поради оваа длабока совест не сум направила некој неопростлив грев.. барем ја не се сеќавам на таков.
*Никогаш не сум и нема да помислам да одам да се исповедам.