Интимна (исповедна) проза

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Март ли дојде?
Редно беше, студот ме закопуваше само.
Масичка и стол на терасата, до мене јако, горко турско кафе и цигара низ прсти. Ја гледам, догорува, а мене не ме смирува. Остана само пепел. И еден пикавец измачкан со црвено- розев кармин.
Разглобувам животно филозофски прашања, ни самата не знам зошто, и се фаќам во костец. Сепак одговори немам.
Како љубител на тишина, овој пат ми е празна, за чудо гробно тивка.
Тебе те нема. Кој знае дали ќе дојдеш.
Сакам сонце. Денес не.
Сакам љубов. Денес крајно, ама воопшто не.
Да, март е. И што ако? Вчера беше февруари.
Уште една цигара ќе извадам од полупразнава кутија. Полуполна. Сеедно.
Кафево се олади.
Каде ми е запалката?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Еве мина и оваа ноќ.
Што има врска. Ниту прва, ниту последна е, знам.
Сакав да ти напишам песна, онака како некогаш. Не разбираш ти што пишувам јас. Преводот не е добар како оргиналот - секогаш ти велев.
Затоа уживаше во стиховите на мојот јазик, без да бараш објаснување. Без да те интересира за кого се.
Ама не можам да ти напишам песна.
Веќе се потрошија зборовите. Веќе е се кажано.

Понекогаш знам дека заборавив. Добро сум. Навистина сум добро.
Повеќе не сум истата што ја знаеш. Знам, и сама на себе си недостасувам.
Научив работи кои не сакам да ги знам.

Се сеќаваш ли, понекогаш, на тоа време?
Јас не. Не сакам.

Сеуште не забораваш да ми честиташ роденден. Само секоја година честитката е пократка.
Ми недостига стариот ти. Оној без денар во џебот што помина толку километри за само неколку часа.
Полесно би ми било да знам дека ме замени. Вака не знам ни дали сум постоела.

Сега си стар. Прониклив. Лесен си.
Тешко ми е да те гледам со истите очи, онака, да се гордеам со тебе.
Ги сменивме улогите.

Можеби бев само наивна, можеби ти беше истиот.
Можеби само тогаш полека гаснеше последното жарче човечност во тебе.
Можеби за миг само го распламтив. Извини што те исплашив.

Но не успеав, и жал ми е.

Никогаш не те сакав за себе. Оган со оган не се гаси.
Ти секогаш беше мојата радост. А јас знам дека мојата радост секогаш мора да е далеку од мене.
Жал ми е што сам себе се претвори во моја тага.

Чај со лимон, кутија цигари, тмурно утро.
Пораснав.

Но не и оној дел во мене кој секогаш ќе те бара.
 
Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Сакам, сакам, сакам да кажам многу работи, но не можам.
Како да го изгубив гласот.
Емотивно парализирана, гребам, вриштам одвнатре, ама џабе.
И упорно и упорно во глава ми се навраќаат сите зборови, сите навреди, и ме спречуваат да продолжам.
Не знам како да го одминам сето ова.
Како мало дете изгубено, не знам да се снајдам.
Знам, патетики, ама друго во моментов не знам.
Се претворив во роб на рутината.
Се одделив од се и од секого.
Како пола човек.
И што ако ти го кажам сето ова, зар ќе смени нешто?
Нормално дека не.
Можеби ќе ми биде полесно.
Можеби ќе помине.
Можеби, кој да знае?
Јас сигурно не.
 
ComputerService

Староседелец
29 јануари 2013
443
235
1,043
Еве и од мене!

Еднаш си бев на ливада , така си шеткав и си размислував како пофторно и која да си ја фатам за женска.
Иначе ливадава беше како еден зелен тепих , миризбата од штотуку расветаните цвеќиња и дрвја се ширеше на секаде , овчарите со овците излезени по ливадите , но имаше една река и едно тесно мовче кој едвај збираше да мине еден човек или овца.
Е сега од кога ке поминат ОВЦИТЕ КЕ ВИ ДОРАСКАЖАМ :mstickle
 
Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
ВИСТИНСКАТА ЉУБОВ НЕ УМИРА​
Секој почеток има крај.Некои краеви се среќни , некои тажни , а некои пак завршуваат толку чудно и дури тогаш сфаќаме дека тие се оние најболните...
Токму тогаш кога Таа ја бараше смислата за животот , се појави Тој. Никна во нејзиниот живот , како кокичињата во неговата градина . Го скрши мразот и и го разубави животот . Тој секогаш беше насмеан , а во себе чувствуваше тага , секогаш беше смирен , а чувствуваше лутина , секогаш беше оптимист , а знаеше дека е крај . Таа му го скрши срцето , но Тој не се откажуваше . Го повреди , но не се предаваше . Неговата љубов беше толку чиста , толку искрена , незаменлива , голема... А таа исплашена , неправедна , себична... Прогонувана од сенките на минатото се откажа , и препушти се во рацете на судбината. Уништи се што беше вистинско , и остана сама во својот свет на лаги и уцени , со сите манипулатори и нечесници , со својата болка , и борејќи се со доброто и злото . А толку многу и недостасуваше Тој. Неговата силна прегратка. Силна а нежна . Небаре Тој знаеше дека тоа е првиот и последен пат . И недостасуваше неговиот поглед . Толку далечен и расеан . Толку смирен но истовремено и разигран . Секогаш кога ќе го погледнеше имаше чувство дека неговите очи се смеат . Таа го сакаше тоа , си мислеше дека може да ги прочита сите негови мисли преку неговите очи... Неговиот мирис и доаѓаше со ветерот . Ко да сакаше да ја потсетува на него . Неговиот глас го слушаше во далечините , а неговата насмевка никогаш не ја заборави . Го мразеше денот , а ја засака ноќта. Зашто само тогаш можеше да биде со него ...во соништата. Сонуваше дека се на рингишпил , јадат шеќерна волна и бонбони , а Тој пак ги погоди сите топчиња и го освои најголемото плишано мече. Се разбира тоа веќе беше нејзино . Беше облечена во бело фустанче и не ја губеше насмевката од нејзиното лице . Тој и рече дека е многу убава...
Утредента се одново. Мразејќи го денот , мразејќи се околу себе , талкаше по влажните улици надевајќи се дека ќе го сретне. Но и да го сретне , што ли ќе му каже? Таа немаше образ ни да го погледне...
Единствено го сакаше дождот , зашто така никој незнаеше дека плаче.
Плачеше заради неа . Плачеше зашто е слаба . Плачеше заради тоа што повеќе нема да ги виде тие очи што и се смеат , никогаш повеќе нема да го допре , прегрне , бакне. Никогаш повеќе нема биде среќна. Но секогаш постоеше тоа мало зрнце надеж , што ја исполнуваше . Се надеваше дека и овојпат трпеливоста нема да ја напушти .
Таа никогаш порано го немаше почувствувано тоа чудно чувство што ја обвиткуваше како мека свила , секојпат кога ќе помислеше на него . Можеби беше сеуште млада да се соочи со реалноста , можеби беше неискусна и незнаеше да се справи со тоа нешто. Измешани мисли , чувства , спомени... Микс од слики и познати мелодии . Микс од љубов , страв , болка...
Но тука секогаш остануваше нивната песна , ставена на repeat , мокра перница и по некој отпушок од цигара . А кафето и нејзиниот омилен десерт стоеја недопрени . Ко да сакаше да ја потсетуваат на него, впрочем како и се друго...
Се започна со кафе , во тој момент толку вкусно ко да им ги спои душите со неговата миризба . А сега , толку е горчливо , ладно , безвкусно...
Тој беше нејзината љубов , и ќе остане.Заедно со сите спомени за него. Дури и никогаш повеќе да не го виде , да не го допре , да не го има , Таа засекогаш ќе го чува во нејзиното срце...
И така... дури и од лошите краеви може да се научи нешто.Таа научи дека вистинската љубов никогаш не умира!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Од на кој Сајт го најде ова ?! го имам читано истово али не ми текнува на кој сајт беше