Едно старо дело... датира од 12.10.2000 Колку бев само заљубен. Дури и хаотичност се приметува во песнава, несредени мисли. Арно викаат заљубен-изгубен
Парчињата на кои се распадна мојата душа,
толку се малечки,
толку се ситни,
што веќе ги изгубив.
Многу работи носам во мене,
и осамености кои веќе и не ги помнам.
Денес случајно ги фрлив коцките за покер,
и исто така случајно добив загуба,
тоа што го заработив,
времето без срам ми го одзеде.
Сакам да ти кажам дека во ноќите долги,
замислувам како ти го милувам грбот,
како заспивам на твоите гради,
и твоите воздишки прават стравот
да се стори пепел,
да исчезне во црнилото на ноќтта.
Не зборувај вечерва,
молчи те молам,
забранета е оваа љубов,
што ја носам длабоко во мене.
Не разбирам како можам
да сум се’ уште жив,
кога веќе со денови крварам од отворени рани...
Но...
Нека не видат твоите очи дека
се изгубив низ просторот поради тебе,
дека умирам по тебе.
На погрешно место, во погрешно време,
средбава на душите ја предизвика ѓаволот.
Ми трепери душава,
ми треба твој бакнеж,
очајувам за твојата нежност.
Не следиме, ќе полудам,
пекол е ова што го живеам,
тие усни твои не можат да бидат мои.
Не зборувај вечерва,
молчи те молам,
забранета е оваа љубов,
што ја носам длабоко во мене.
Не разбирам како можам
да сум се’ уште жив,
кога веќе со денови крварам од отворени рани...
Но...
Нека не видат твоите очи дека
се изгубив низ просторот поради тебе,
дека умирам по тебе
Денес барам најубав начин,
за да ти се исповедам.
Тоа што не те чуствувам блиску,
буди болка во срцево.
Денес моиве очи гледаат,
како многу пати до сега,
во оваа есен сива,
без чувство и надеж,
без нежност и страст.
Денес те молам да бидеш среќна.
Можеби ќе дојде ден,
ти да бидеш само за мене,
а јас само за тебе,
можеби и не.
Можеби ќе дојде ден,
моите песни да бидат песни на среќата,
можеби и не.
Можеби ќе бидам среќен кога,
очиве ќе се затворат,
за последен пат.
Ти тогаш сети се,
дека има некој кој мисли на тебе.
Можеби ќе бидам среќен кога,
очиве ќе се затворат,
за последен пат.
Ти тогаш сети се,
има душа која живее за тебе.
Ако некогаш завладее,
осаменост во тебе
кога се будиш во утрото сиво,
погледни низ прозорот,
помисли на мене
мојата осаменот минува,
само при помислата на тебе.