Интимна (исповедна) проза

crvenkapa

Староседелец
15 јануари 2013
235
593
1,093
И подобро е кога за момент не го помнам гневот, туку насмевката
кога ги запирам солзите и живее радоста,
кога те потиснувам длабоко во себе, а ти живееш во сите сетила..
кога те заборавам, за да сфатам дека никогаш посилно не било сеќавањето на тебе,
кога заминувам и повторно се враќам и така до недоглед..
Можеби некогаш ќе огрее сонце, а дотогаш остани мојата полна месечина..затоа
што без таа светлина не знам како ќе го пронајдам патот до тебе и до себе..
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Љубов на друг начин


Додека загризувам во топлиот бел леб само што изваден од фурна чувствувам потреба да го напишам моментот на потполно чувство на љубов.
Ќе напишев безусловна но воопшто не сум сигурна дали тоа беше безусловна љубов.
Сепак љубов и топлина на малку поинаков начин.
Шетав по светлата страна на градот барајќи некој посебен старински прстен направен од старо сребро.
Гледав по излозите на дуќаните
воодушевена од различните мотиви и начини на изработка.
-Навистина убави прстени..
си мислев сосем занесена во глетката пред мене.
Во еден момент пред мене се појави една циганка со три мали дечиња.
Како некој да ме разбуди од некој сон враќајќи ме во реалноста.
Изгледаше тажно.
Во парталави алишта полни со прашина,неисчешлана коса и прљави раце.
Дечињата беа на возраст од 3-4 години.
Весело си играа околу нивната мајка незнаејќи за суровоста на
светот во кој живеат.
За суровоста на нивниот свет.
Ја погледав во очи и во нив видов тага.
Прекрасни зелени очи полни со живот и тага воедно.
Очи од кои зрачеше светлина.
Се запрашав во себе како може од нешто толку незабележливо и отфрлено од цивилизацијата да избива таква светлина?
Некоја скриена внатрешна убавина полна со мистичност.
На лицето створи насмевка.
Како да сакаше да ми каже:
Се разбираме.
Да,се разбравме без и еден збор.
Почуствував потреба да ја заштитам,неа и нејзините дечиња.
Да и помогнам.
Било како,на било кој начин.
Сега во моментот.
Ја отворив ташната и посегнав по новчаникот.
Таа не побара пари од мене,но тоа беше единственото нешто кое можев да и го понудам во моментот.
Барем еден топол оброк за малите ангелчиња со налик на пркосни ѓаволчиња.
Ги извадив сите пари што ги имав во новчаникот и им ги поделив на дечињата.
На сред град,оној дел од градот каде шетаат туристи и граѓани кои мислат дека се нешто подобро од сите останати шест мали рачиња почнаа да ме гушкаат весело радувајќи се околу мене.
Чувство на топлина и љубов.
Чувство на безгрижност во еден свет полн со неизвесност.
Чувство за еден живот кој се живее од сега за сега.
Чувство на еден живот каде нема утре,ниту пак вчера.
Во моментот додека ме гушкаа пред мене како да го видов нивното секојдневние,нивната радост,тага,солзи,смеа..
Ги видов нивните сиромашни куќи,отпадот во кој живеат.
И ја слушнав магијата на нивната песна пренесена во прегратка која плени.
Од позадина слушнав како некоја жена извикуваше:
Нека не ве допираат полни се со болести..
но тоа не ми беше важно.
Им се насмевнав игнорирајќи ги погледите на минувачите кои ја пратеа сета таа претстава
и ги погалив по главчињата.
Нивната мајка исто се насмеа изненадена од овој чин и ми упати поглед кој зрачеше длабока благодарност.
Во моментот почуствував неверојатно длабока љубов во себе кон овие од цивилизацијата отфрлени суштества.
Со погледот го следев нивното заминување пропратено со танцот на задоволството и веселото скокање на трите циганчиња околу мајката со прекрасни зелени очи и валкани алишта.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Прошка

Во еден пресуден миг во мојот живот,одлучив да те закопам во себе.
Мислев тоа е единствениот начин да се ослободам од твоето присуство.
Те закопав тебе и со тебе сите спомени кои те обликуваа.
Заборавив.
Те оставив да гниеш како есенско лисје во мене,мислејќи дека некогаш ќе се претвориш во земја и ќе ме ослободиш од твоето присуство.Притоа заборавив дека земјата само се наталожува и станува се потешка со текот на времето.
Закопувајќи те тебе,се закопав и себе.
Не постоев.
Бев некоја нова,програмирана од замислата личност.
Но,колку повеќе се трудев да не те познавам,да ми е сеедно кој си ти,толку повеќе избиваше од мене твоето присуство.
Наместо во земја,се претвори во лава на огромен вулкан кој секој миг може да еруптира.
Бегав од тебе.
Од твојот лик,од твоето име од твоите делувања..
Од сите украдени моменти на детсвото бегав.
Бегав од себе..
Се прашувам дали воопшто знаеше нешто за себе?
Или го помина целиот свој живот во несознание?
Мислев знаеш многу.
Мислев ги знаеш одговорите на сите мои прашања.
Сега разбирам колку си бил збунет и заробен во пајажината на мислите и чувствата.
Немокен да се ослободиш.Да го срушиш тој свет на пеколот и да изградиш нов,светол дом нудејки ми заштита и љубов.
Не.Не те критикувам.
Сакам да ти кажам
дека те разбирам.Дека ми е жал што не успеав да ти кажам дека те сакам.
Што не знаев да ги пружам моите раце и да ти подарам чиста детска љубов.Што не ти ја покажав силата на детскиот поглед.
Сретнувајки се себе те сретнувам и тебе.
Ми стоиш на патот и бараш прошка.
Сакам да те избегнам,но ти постојано си пред мене.
Чинам време е да ти простам.
Ти простувам.
Ти простувам се.Од дното на душава ти простувам.
И те пуштам од себе.Ти ја давам целата слобода на бесконечноста.
Ти подарувам букет љубов и бакнеж кој ги топи сите мразови на изградените темни светови измеѓу нас.
Ти простувам..говори моето срце,нежно и тивко скоро нечујно.
Знам дека го слушаш.И задоволно се смееш таму некаде филозофирајќи за бог и светот.
Те сакам...
 

LoVe_Again

Нов член
30 декември 2013
2
1
3
25
Кога ќе погледнам во твоите очи, се чуствувам како да го гледам небото. Твоите очи силно сјаат, сакам да ја зачувам таа светлина, но неможам. Ах, а твојата насмевка, твојата насмевка прави да се чуствувам како најсилната ѕвезда на небото. Моето мало срце е исполнето со голема љубов кон тебе. Срце кое искрено те сака. Душа која не може без тебе. Тело кое копнее по твојот допир. Раце кои едвај чекаат да те прегрнат. Усни кои сакаат да ти го подарат најнежниот бакнеж. Без тебе сум како пресушен лист, лист паднат од дрвото на љубовта, кој е во потрага по ново засолниште. Осамен лист кој веејќи се на ветрот го губи правецот, ја губи насоката по која треба да се движи. Лист кој сите го газат... Можеби не си свсен колку ми недостигаш. Можеби не ни помислуваш дека има таква личнос до тебе, личност која се би дала сега да биде во твоите прегратки. Ти никогаш не ми дозволи да ти покажам колку те сакам. Ти си причината за моите солзи. Можеби некогаш ќе сватиш колку ми недостигаш, колку многу те сакав, но ќе биде предоцна...
Нашите разговори, срциња кои си ги праќавме... Можеби тоа било некој знак дека можеме да бидеме заедно. Ти секогаш одеше по неа, како таа да беше единствената девојка. Не гледаше дека покрај тебе секојаш бев јас, дека секогаш ти помагав. Сега те остави... Кога те остави сфатите дека јас секогаш копнеев по тебе. Но сега е доцна.. Мојата љубов кон тебе згасна. Згасна тој распламтен оган кој не можев да го смирам. Згасна...
Сега во моето срце е влезена нова љубов... Ти барајќи ги ѕвезди те ја изгуби месечината.....
Сега плачам.. Да, плачам. Но незнам дали плачам од тага што неможам да те прегрнам, или пак од среќа што те имам како пријател. Ти ја дадов целата моја љубов... Кога за прв пат те видов, мислев дека ја изгубив меморијата, со твојот поглед ми ја одзема и последната воздишка... Сега сакам уште еднаш да те видам, уште еднаш да ја почуствувам твојата топлина... Но неможам... Понекогаш животот знае да биде толку суров... Да не раздели...Можеби животот ни ги раздели погледите, но не и љубовта... Сега што и да направиме е доцна...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Направив мала чистка околу гореиздискутираниот текст. Продолжете во чет муабети.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
За кој немир да пишувам?
За немирот произлезен од моите закопани во длабочината чувства?
Или немирот на моите хаотични мисли?
Немирот поврзан со моето моменално постоење во овој свет?
Постоење без живот?
Немирот кој го содадов самата копајќи низ себе?
Оној што ме растргна како крволочно куче на илјада делови,од кои направив мозаик и не знам да го составам?
Немирот поврзан со лутањето по сокаците на душата?
Немирот на помислата за исчезнатиот извор на љубов во мене?
За кој немир да пишувам?
Имам потреба да пишувам.
Да ја преточам сета тага,сета среќа и сите чувства во зборови.
Да испразнам се од себе.
Секој спомен,секоја мисла,секоја замисла.
Секое едно ебано чувство да го преточам во збор.
Немирот е сето она за кое не постои збор.
Она кое не се опишува,а боли.Немирот е болка.
Празнина исполнета со болка.
Тој немир е најголем.
Те обзема и те остава без здив.
Сакаш...посакуваш да го опишеш,
но се е така бесмислено..сфаќаш дека немирот мора да го почуствуваш.
Да оставиш да те обземе и да те растргне без да го именуваш.
Тој немир е нем.
За него би пишувала.
Немиот немир кој доаѓа ненајавен како гром од ведро небо.


14.11.'13
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Мирисот на една прегратка

Непознати луѓе околу неа и страв кој ја обземаше.
Не знаеше што да очекува од мигот кој следи.
Се трудеше да го прати залезот на сонцето,да ужива во розевите нијанси на небото и да направи некоја фотографија од убавината на пејсажот.
Но,не и успеваше.
Конфузно сликаше само да би правела нешто што ќе биде доволно интересно да ја задржи концентрацијата.
И тогаш го слушна неговиот глас од позадината.
Разговараа формално,трудејќи се да кажат нешто што би ги заинтересирало.
И поклони книга.
И рече..дај ми ја раката..
На неа напиша нешто кое не можеше да го прати.
Единственото што пратеше беа движењата и допирот на неговите прсти,
топлината на неговата дланка со која ја држеше нејзината,го чувствуваше неговиот здив во близината на вратот.
Ја праша:
Прочита?
Рече,не.
Те обожавам..пишува на твојата рака.
Ќе остане засекогаш напишано.
Не знаеше што да каже.
Само збунето се насмеа.
Не го очекуваше тоа.
Не го очекуваше него.Не очекуваше ништо.
Тивко и шепна:
Сакам да те прегрнам,затвори ги очите..
Се сврте кон него со затворени очи и го прегрна.
Го чувствуваше неговото срце како чука како лудо.
Забрзано во еден ритам кој не можеше да го опише.
Или можеби беше нејзиното.
Не знаеше.
Или двете чукаа така брзо.
До неа допираше мирисот кој тој го имаше на себе.
Тоа беше мирисот на една прегратка во моментот кога небото беше роза во мигот кога сонцето зајде.
Прегратка која ја задржа во себе.
Миг кој никогаш нема да престане.
И рече,време е да одам...
Да одам ли?
Сакаше да остане засекогаш во тој миг,во таа прегратка.
Да,оди...одговори тивко.
Се изгуби во толпата.
Се сврте и гледаше како си оди.
Се сврте и тој.
Застана за миг и гледаше во неа.
Како да сакаше да го задржи тој момент засекогаш во себе.
И го задржа.
Како и таа.
И сеуште го чувствува мирисот на таа прегратка во моментот кога небото беше роза,а сонцето некаде позади планините.
Остана да зјапа во езерото кое беше така мирно,исто како и таа.

јуни 2013
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and cakar_ulav

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
My dearest of all.
My precious piece of the whole.
My immortal soul

I often stumble upon a memory of yesterday. A mere image of one so called a fool. Little that I know is that there is always possibility of change. These so-called thoughts lacking of common sense, plunder me yet again with their sharp edges, obliterating the truthful meaning of what is and what isn't real, wrecking havoc in my thoughts in order. Like a white cue ball, determined to strike the whole triangle of ten. And just then the game begins. The most interesting part. Trying to restore order, searching for the right words to say, putting the right ball in the hole. I find it very difficult by all meanings. Because your beauty strikes me to feel novice yet again. A child of some sort. Never have I learned the lesson of the pain of love, always I commence fantasizing that somehow things are going to change.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheQueen

Glorija

Староседелец
11 ноември 2013
28
37
1,023
45
Сонцето печеше. Метрополата беше вжештена, асфалтот на улиците гореше. Бев натоварена со сите глупости од торби кои едвам ги носев. Застана пред мене со колата.
Ќе седнам на задното седиште-реков.
Каде ќе одиме?-праша.
Сакам ладно и јако кафе. Носиме билокаде , само на кафе-изустив.
Зошто седна позади , ане до мене?-промрмори.
Ако ти ја кажам вистината, тоа нема да биде кафе, си помислив и премолчев.
Отидовме во едно празно кафуле. Келнерката веднаш ни го донесе кафето. Зјапавме еден во друг и се чудевме...Набрзина го испивме кафето.
Излегуваме-рече.
Каде?-се зачудив, го допив кафето одеднаш и побрзав да излезам.
Моето тело само се втурнуваше во неговото. Го згазнав неколку пати без да сакам, се прилепив со градите кон него.
Дојди-нежно ми шепна, а со јазикот ми ја гризна ушната ресичка.
Се наежив, се насмеав од срце. Не ми го прави ова сред бел ден, те посакувам-го прекорив.
Повторно седнав на задното седиште.
Вози било каде и зборувај,твоите зборови ја милуваат душата, ја соголуваат, водат љубов со неа-го молев.
Дојди-рече.
Му ги подадов усните и врвот од јазикот само да ме вкуси, и се тргнав. Го прегрнав од задното седиште, знаејќи дека не може да ме допре толку колку што посакува.
Не смееме-реков. Ќе гориме на клада...Не смееме да продолжиме, ќе изгорам во огнот.
Премногу е тешко да се одвои страста од емоциите. Премногу се познаваме, преубаво е, треба да прекине уште пред да започне.
Тогаш ајде да сонуваме. Сонувањето е вечно и безбедно.
Дај ми ги усните уште еднаш, те молам -шепна.
Суви се, а очите почнаа да солзат.Прости-реков, ова не беше во сценариото, не знам од каде дојде...
-Не грижи се, многу плачеле и пред тебе, но на крајот.
-Знам- реков. Ова е почеток и крај, се е помешано.
-Јас ќе исчезнам, не се лути-одмерено кажа.
-Во ред е. Можеби така е најдобро за двајцата, нашево кој знае каде води, а јас сум многу уморна.
Среќен нека ти е денот! Излетав со солзи...
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Успеа да ја подигне главата и да го погледне.
Тој кој претставува некаков си авторитет за неа,
тој пред кого сите се поклонуваат,
тој кој е причина за ураганот кој владее во неа секогаш кога во далечината се појавува неговата силуета.
Се осмели дрско да ја исправи главата и да го насочи погледот во неговите очи.
Незаинтересирано,а со неизмерно внимание.
Случајно,а намерно.
Арогантно,а полно со страв и немир.
Во неговите очи..виде... се.
Го виде него и неговата разголена душа.
Ја виде темната страна која беше така вешто сокриена од останатите,
ја виде болката која го убива и неговиот страв,
ја симна неговата маска од лицето.
Ги виде сите контрасти кои не беа прикажани во надворешниот изглед.
Траеше само секунда.Секунда која напиша нова приказна.
Секунда во која застана времето.
Повторно ја спушти главата, правејќи се дека е зафатена со обработка на натрпаните документи.
Рацете и беа мокри од пот,
срцето чукаше како да сака да излета секој миг од градите.
Го загуби тлото под нозете,
заборави да дише.
Колешката и поставуваше прашања,а таа конфузно се обидуваше да се концентрира,да би нашла соодветни зборови да и одговори.
Но успеа..
Успеа да се спротивставам на стравот од средбата со тој поглед,кој веќе долго време го избегнуваше.
Пред да го напушти бирото,се сврте во правецот каде тој осамен се беше изгубил во димот од цигарата која ја пушеше.
Гледаше некаде во далечината,со неговиот горд и арогантен став.
Се запраша:
Која е неговата болка?
Кој е тој?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Марија and Pica pica