ДА секако дека би го вратил, без разлика која сум на пари ја има. Никогаш во животот не ми претставувало престиж да се збогатам на туѓа несреќа. Колку лакомост и нечовечност постои меѓу луѓето , понекогаш помислувам дека и сами некој ден ќе се изедат. Зарем тоа рандом богатство кое ќе го најдете на пат изгубено од некој несмасник, за вас значи живот? Зарем треба да се дискутира на темава колку нехумано би ја одиграле својата улога во општествово? Кој се бе тие пари и материлајности што сметате дека ќе ги задоволат вашите потреби вечно? Зарем не знаете дека човековото око е ненаситно?
Ако не ги вратите парите, единствено нешто со што ќе се здобиете е грижата на совест која ќе ве прогонува цел живот. Немој да се редите во положба на политичарите и да го оштетите народот , бидете револуционерни, бидете хумани вратете го тоа што не е ваше. Егоцентричноста е врв каде ѓаволот ја ужива човековата себичност.
Нема ништо подобро од алтруист човек, кој цело свое битие гледа да го задоволи несреќниот народ, кој цел свој живот го усполнува со духовна скромност, рационално ја распределува својата среќа, своето творештво за да задоволи што е можно повеќе души на овој свет. Зад себе остава добри дела за кои генерации ќе говорат едногласно :тој голем човек беше.
Што и да правите времето минува, само да ве потсетам дека секоја погрешна одлука во животот некогаш ќе се појави пред вашите очи но тогаш нема да ја имате таа моќ. Моќта која говори да се направи истото дело после голем изминат период и погрешно време е непотребно, раините остануваат рани, можеби времто ги лечи но не ги заборава.
Тајмингот е битна ствар преку која парадоксот нештата од значајни ги претвара во ирелевантни. Бидете разумни, некој ден и вас ќе ви помогне човек.
Би го вратил нормално, и да ги потрошам парите нема да ги потрошам со ќеф
Епааааа.... ќе се молам да нема никакви документи туку само пари .... ииии, да....нема да го вратам.Проклет нека сум !
Зависи чиј паричник..ако внатре најдам лична карта од постар човек или незнам со малце пари би глеал да го вратам..али ако си најдам со прилично пари би го зел нормално и не би ги искористил тоа кредитни картички и такви работи доста ми е кешот
Ги трошам и ич мува не ме лази
Вие двајца, планирате да го вратите наовчаникот или не планирате?
Не можам да разберам, еднаш да еднаш не, можеби, не знам, ако ова ако она.