Изгубен паричник

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Крадење пари особено од сиромаси, давање лихва, рекетирања се нешта кои ако ги правите ќе ви се врати со лошо но ќе ве удри на најмилото.Вашите поколенија.Бидете сигурни во тоа.
Замислете дека некој работник денес си ја земал платата - 15.000 за цел месец 4-члено семејство само тој вработен.Пустиот толку му е среќата го губи паричникот.
Го наоѓате вие.Лакоми за 250 eu го земате паричникот "полн" со пари и парите ги трошите на глупости.Некој тие пари ги правел со пот.
Само што денес нели најбитни се материјалните вредности на човекот.Каде е добродушноста, човечноста и хуманоста да се помогне на немоќен човек на било кој начин.Или тоа отиде заедно со 90-тите?
Знам дека е така.За жал.

Денес е битно да си фаца во град, рејбан наочари и јака манекенка до тебе која гзот си го продава секоја вечер за космополитен :)

Досега имам најдено 3 паричника и едно ташниче полно со пари.
Кога ги враќав паричниците ми беше понудена парична награда од 500 денари но ја одбив со зборовите: за малку не сум сиромав :D

Ташничето полно со пари го најдов во амбуланта.Кога стапив во контакт со човекот најпрвин ме праша: Бар ги остави ли документите?
Кога се видовме и кога виде дека ташната не е чепната навистина имаше добра гозба кај пивница злате :D

До сега паричник немам изгубено затоа што не се сметам за изгубена личност.
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
има разлика, башка и се гледа кога новчаникот е од некој што само што земал некој денар да прехрани семејство (сигурно нема да биде кожен новчаник што вреди 200евра), во тој случај колку и да има пари би ги вратил на газдата, од сиромав човек и човек што нема греота е да се земе и никогаш не би се осудил на тоа, пошто тој со поштена работа, пот и многу понижување дошол до тие пари. Ама некој скап брендиран новчаник, со 500 евра во него сигурно не се од некој што со тие 500 евра ќе храни фамилија. Така да кога по новчаникот и стварите во него би дошол до заклучок дека е од некој богат ама ич око нема да ми трепне. И така најголем дел од нив се новопечени газди што експлоатираат недужен народ и нормално немам грам почит кон нив и нивните суети
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
има разлика, башка и се гледа кога новчаникот е од некој што само што земал некој денар да прехрани семејство (сигурно нема да биде кожен новчаник што вреди 200евра), во тој случај колку и да има пари би ги вратил на газдата, од сиромав човек и човек што нема греота е да се земе и никогаш не би се осудил на тоа, пошто тој со поштена работа, пот и многу понижување дошол до тие пари. Ама некој скап брендиран новчаник, со 500 евра во него сигурно не се од некој што со тие 500 евра ќе храни фамилија. Така да кога по новчаникот и стварите во него би дошол до заклучок дека е од некој богат ама ич око нема да ми трепне. И така најголем дел од нив се новопечени газди што експлоатираат недужен народ и нормално немам грам почит кон нив и нивните суети

Зошто мислиш дека ако некој има кожен новчаник е богат или новопечен газда?
Можеби тој пред да стане газда немал скршен денар и да имал немал новчаник или сонувал за новчаник од 200 евра?
 

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
509
803
693
Ќе го вратам. Ќе ги најдам личните документи, или ќе го пријавам во полиција..Не ми дошло до ничии пари, посебно во денешно време, на сиромаштија :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: UnFleur

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Ќе го вратам.
Со кое задоволство би ги потрошила парите, ако додека трошам, на пример дома децата му плачат за јадење на тој што го изгубил?
Не можам да го земам. Не ми дава совеста. :nah
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Јас изгубив паричник лани т.е. ми го украдоа, а како појма немам! Знам само дека излегов од факултет , од трафиката на автобуската купив мастики и се качив во полн автобус , се симнав на рекорд и пикам рака во ташна да си извадам пари од новчаникот гледам го нема... одма ми текна дека ми го земал некој...идам ко луда барам по кантите за ѓубре, се вратив кај што се качив во автобус- а во него имав околу 600 денари,лична карта,возачка,визит карти и некои важни уплатници.. бев и во трафиката премотуваше снимка од камера дечкото ништо не се виде. После два дена ми се јавува девојката кај што одам на депилација ми вика новчаник си изгубила си имала моја визит карта ми се јавија во мавровка ти е... Го зема татко ми „чесниот крадец“ ги земал само парите и го фрлил,па некој од обезбедувањето го нашол и се јавиле...

Така да, ако најдам новчаник,ќе го направам истото што ми го направија и на мене :)
 

smeker

Староседелец
9 март 2012
768
979
1,103
Скопје
Имам најдено паричник и го имам вратено на сопственикот со се документи и пари.Не сум таква личност да земам да ги потрошам парите и документите во ѓубре.:)
 

Maks

Староседелец
Во целиот мој живот имам изгубено само 150 ден. а имам најдено пред неколку год. 50 евра но не беа во паричник туку онака така да во ќар бев. Сигурно и јас да изгубам нема да ми ги вратат и сум си внимателен многу :D
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Прееска најдов на улица лична карта и картичка од трансакциона сметка, ги земав па утре ќе се јавам на информации да го најдам бројот по адресата, ако не може така ќе ги пријавам во полиција па они нека ја бараат типката
 

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Имам изгубено доста пари и никој не ми вратил ни денар, па и да најдам не вракам. Коа губам мои пари не ни размислувам за шо би ги искористил некој, едноставно не биле за мене, коа наоѓам не ни размислувам за шо биле наменети.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LadyInPink and Maks