Доколку најдам ке го вратам без разлика што и колку има внатре затоа што ептен ме гризе совеста за такви работи..После дали ке рече фала или не тоа е негово..Имам заборавено цела ташна со новчаник ,дигитален апарат и наочари минатата година кога одев на викенд до Дојран,автобусот беше преплон а одеше Скопје -Гевгелија..имаше многу луге и можеше секој да ја земе затоа шо беше на видно место оставена.. Ама шоферот испадна фер и ја земал ,утредента и ја даде на мајками ..Друга случка,мајками на Битпазар има изгубено полн новчаник и тоа жената не ни приметила,јас и кажав кога се јавија дома да ми кажат дека го пронашле..Отиде си го зема..Има и чесни луге на планетава