Изгубен паричник

mAcIkA

Истакнат Член
14 февруари 2012
382
516
393
Доколку најдам ке го вратам без разлика што и колку има внатре затоа што ептен ме гризе совеста за такви работи..После дали ке рече фала или не тоа е негово..Имам заборавено цела ташна со новчаник ,дигитален апарат и наочари минатата година кога одев на викенд до Дојран,автобусот беше преплон а одеше Скопје -Гевгелија..имаше многу луге и можеше секој да ја земе затоа шо беше на видно место оставена.. Ама шоферот испадна фер и ја земал ,утредента и ја даде на мајками ..Друга случка,мајками на Битпазар има изгубено полн новчаник и тоа жената не ни приметила,јас и кажав кога се јавија дома да ми кажат дека го пронашле..Отиде си го зема..Има и чесни луге на планетава:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: InnaLaurie and The Tramp

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,194
1,123
Скопје
Па што ако биле?
Замисли таа која ги нашла да не ги вратела? Тогаш, ни пари, ни операција...
Бедно и мизерно е да дадеш 500 или 1000 денари, на толкава вратена сума. Подобро ич не давај.

Јас не можам да бидам алчна, тоа што не е мое треба да се врати и да го најдам ќе го вратам и пари да се или предмети било што. Така ме учеле моите, чесноста пред се.
 
NEPOBEDLIV

Истакнат Член
5 март 2012
288
412
63
Би го вратил нормално, и да ги потрошам парите нема да ги потрошам со ќеф :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aaliyah

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Јас не можам да бидам алчна, тоа што не е мое треба да се врати и да го најдам ќе го вратам и пари да се или предмети било што. Така ме учеле моите, чесноста пред се.
Не зборував за тебе, туку за конкретната ситуација и за човекот на кого му биле вратени парите.
Мизерно е тоа што дал само 1000 денари на жената, а таа му вратила 100-200 илјади евра...
Подобро да речел само фала и толку, отколку што дал толку мала сума. Јас да бев би му ги фрлила в лице, најискрено.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Natenceto

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Ако има внатре 200-300 ден и еден куп картички и документи ќе ги вратам, ако има голема сума на пари си ги зимам парите, тоа све друго ќе биде уништено (најверојатно запалено) и ич не ми е гајле, кога некој несмасно може да носи 1000-2000 евра у кеш у новчаник и да не се замара како го чува, ја ќе му ги причувам. :D
Имаше виц за ова, се јавува некој тип у некоја емисија на радио и вика: сакам да кажам дека денес најдов новчаник. Водителката му вика: абе фино што си нашол новчаник, ама оваа емисија е за поздрави и честитки. Типов вика, епа во новчаников имаше 2000 евра и лична карта на име Тони, па ако може една песна за Тони хеехехе
 
The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173

Јако ти беше ова последното :D Иначе да пронајдам би се потрудил да го најдам лицето и да му ги вратам, ама тешка работа дека ќе најдам голема сума на пари :)
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Имам најдено само еднаш, всушност торбичка. Во неа имаше 2/3 мали парфеми и новчаник со 300$ и 10евра, американска кредитна картичка и немаше документи никакви. Си ги земав парите, еврата одма ги разменив и ги потрошив, а од доларите 100 си земав за мене, 100 на мајка ми и дадов, а 100 на брат ми. Искрено, не се чувствувам виновно, таков е животот, некогаш губиш, некогаш добиваш.
 
Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Доколку има документи чиј е, би го вратила одма, бидејќи знам како е. Мојот новчаник беше украден, немав пари но многу плачев по сликите што ми беа внатре, си ги собирав од децата од матурската, од најсаканите личности што веќе ги нема... и сега сигурна сум дека е запален некаде, па зошто?? :( а ако нема документи не знам што би направила, најверојатно би си ги земала за мене...
 
Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
ја га губи два пута у такси, вратисфа ми га таксисти сфака ги чаз : ) частија сам ги кафе затој, поише ми е за документи унутра(иако лична карта ми е скршена на три дела лоллллл) не ми е за паре, несмасмно стфорење сам : ) ако најду сто посто ке га врату и ја нофчаник : )
ps. Мила Кунис има луд виц за овуј тему : )

Јас ако ти го најдам загубен Пица чекам. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

marjan

Истакнат Член
13 февруари 2012
489
657
93
Bitol, Bitola, Macedonia
јас не би вратил зс имам изгубено и не ми било вратено а парите ми беа за рата од кредит плус потоа вадев нови документи :(