За старт сакам да кажамThe_Mayor
Никој не спомна овде среќа. Еве пример јас се шетам и си наоѓам новчаник. Си ги земам парите и си ги трошам (исто како што некој ги беше потрошил моите две илјадарки) и верувај нема да имам никаква грижа на совест. Патем, си имам најдено 500-ка и знаев чија е, девојчето беше позади мене и се движеше спротивно од мене, но не ги вратив. Гајле ми е, јас ли треба да се грижам што некој е несмасен? И јас некогаш можеби ќе изгубам пари, но нема никого да колнам ако не ми ги врати. Пред се` тоа би било мое невнимание и негрижливост. И какво збогатување бе другар? Со пари од нечиј новчаник ќе се збогатиш? Абе ајде. Да бидеме реални, најголема сума што би ја нашол е околу 30 000 и тоа ако некој е толкава будала да носи толку пари со себе по улица. Какво богатство бе друже? Богатство не е новчаник со рандом сума кој си го нашол по пат.
И патем гледам мешате тука крадење новчаници со наоѓање новчаници. Не, да најдеш новчаник и да си ги потрошиш парите не е кражба, не е грабеж.
Шо зборуваш бе ти чоече, со прости зборови да ти објаснам. Прво и прво тие пари од девојчето си требал да ги вратиш, и да ја осетиш хуманоста во себе. Да знаеш дека тие 500 денари не се големи пари но гестот кој ќе го направиш при враќањето на истите вреди многу повеќе од сумата. Насмевката, благорадноста и среќата на згриженото девојче си требал да ја почувствуваш во твојата душа, а не таа симболична сума да го задоволи твоето его со еден ручек или што и да е. Ти си бе алчен, зошто би дискутирал со тебе, треба да те убедувам што е човечки или што не е? Зарем си слушнал за морални норми, вредности и морални обврски према луѓето? Ако ти си го изгубил својот наовчаник и не ти бил вратен, тоа значи дека на тој наовчаник налетал лик со идентични размислувања како твоите. Ве жалам и двајцата.
Друго нешто, ако некој е несмасен тоа значи да му помогнеме а не да го доуништиме, напротив биди човек и просеветлиго помогнуму, вратиму. Сепак резултат на тоа е кој коефициент на хуманост го поседуваш, тоа е правата вредност на луѓето. Јас ги одценувам по добрината која ја поседуваат а не по материјалните срања, значи за мене може и питачот да биде вистински човек и пријател, а милионерот може да биде едно обично гомно во моите очи.
Трето нешто околу богатството, го споменав во втората реченица која гласи вака: Никогаш во животот не ми претставувало престиж да се збогатам на туѓа несреќа. Колкуа кратка реченица а колку обемно би ја протолкувал.
Оваа мисла претставува коренот на целиот мој пост каде образлижувам дека нескромноста, недуховноста, нехуманоста се луцидни ствари кои колку и да се привлечни треба да го направиме правилниот потег и да ги исфрлиме од нашите карактери.
Некогаш ќе сватиш ГоспоТе, гледај да тоа не биде предоцна- посакувам да слушнеш убави зборови за себе кои ќе влеат гордос во твојата душа за секој минимален хуман чин што ќе го направиш во своето постоење. Еден мудар човек вака изговорил:
You only live once, but if work it right once is enought.
Смениго својот стаф и биди голем човек.