Зошто (не) ја сакам државава?

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Ја сакам заради природните убавини,поради сонцето,водата и земјата...Ја сакам бидејќи е моја лулка на детството... Ја сакам силно !
Но,овде луѓето ми ја демолираа државата,направија централизиран град,нигде никаде не функционира...фабрики јок,зголемени давачки за се,ниски плати и голем процент на невработеност... :eek
 

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Во нашата земја, најголемите легачи земаат најголема плата, а тој што работи зема нешто чат пат колку да се прехрани ако му стасаат, тој што го прекршува законт не плаќа ќе сврти некој број ајт, а тој шо чесно ќе помини според законите ќе му најдат рачкка и ќе си плати ќе го казнат, тие шо не учат се прават џекови демек биле и први ќе се вработат ќе ти го зафатат местото, а ти ќе си ја чукаш главата ќе завршиш и пак ќе работиш без врска, како продавачка, келнер и сл. Како прво немаш никаква перспектива!! И ај сакај ја.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Државава ми значи колку и ланскиот снег.
Да се родев во Боливија, Канада, Иран или Бурма и тие ќе ми значеа колку ланскиот снег.
Човек мора некаде да се роди.

заради традицијата, семејството, љубовта во луѓето, храброста и издржливоста, а секако и за убавините и мирот.. и најмногу затоа што полека но сигурно се развива во прекрасна државичка на Балканот

:eek:
The power of self delusion.

Не ја сакам ради сјебаниот образовен и здравствен систем, вработување со партиска книшка ( значи воопшто не е битно дали е компетентна личноста ), пусти менталитет да го заебеш твојот близок.
Ја сакам бидејќи сум македонец, тука ми е семејството, убавите планини, природни богатства.

Да знаеш какви планини има во Непал има веднаш да го засакаш...
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Државава ми значи колку и ланскиот снег.
Да се родев во Боливија, Канада, Иран или Бурма и тие ќе ми значеа колку ланскиот снег.
Човек мора некаде да се роди.



:eek:
The power of self delusion.



Да знаеш какви планини има во Непал има веднаш да го засакаш...
И бугарија има планини па не ја сакаме
 

Fashion.Lover

Староседелец
19 февруари 2015
297
83
628
New York,New York
Ја сакам Македонија оти само дома си е дома ... како тука сонцето никаде не свети шо би текол Владо Јаневски.. ја сакам Македонија оти сум горда на сето она што се пторудиле да го напрат нашите предци ... ја сакам поради што сме мала држава а луѓе со големи срце .. оти никаде на светот го нема овој топло настроен народ ... Оти во некои развиени земји имаат се .. но немаат време родителите да го гушнат своето дете .. имаат пари .. но само за пари живеат .. а тука е поинаку можеби го немаме сето она материјално богатсво но имаме многу повеќе ... имаме богатсвто кое не се троши .. знаеме што е љубов .. кон семејството .. знаеме како е да си заедно и кога ке немаш многу и кога ке немаш ништо ...ЗАТО ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА

Ме мрзи да пишувам ново мислење,па во се ќе се согласам со тебе.Па иако сум данска снаа,се знае која е мојата татковина.Членка сум на Македонската заедница во Данска.Потполно се согласувам со тебе.
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Поради тоа што тука сум се родил ,тука сум научил да одам , збоорам , сведок сум !
Секогаш ќе ја сакам и во најтешките денови како што сум бил за неа така ќе бидам и повторно ако треба !!!
И никогаш нема да извадам Бугарски пасош ;) ;)
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Well, this didn't age well.
Ко земја, ми се допаѓа, немаме претерано некои невидени убавини, но далеку е од неубава, си имаме познати и подзаскриени природни убавини. За жал, тука завршува убавото.
Ок, и Чик папучите се солидни.

Листата зошто не ја сакам е многу подолга. Корупција, неписменост, беспарица, раја што гледа исклучиво во туѓиот двор, најглупите се најгласни и најубедени дека се во право, државата 30 години ја води неспособна и полуписмена мафија, магистри печат плескавици за да преживеат, основци се директори, рајата се лиже кај најголемите дебили, не е срам да кажеш дека си лопов и неспособен сам да најдеш работа, туку „имање човек таму и таму“ се смета за доблест, здравство нула - одиш за слепо црево, ти снимаат желудник )ова на братучед ми)...
Листава може да оди до бескрај.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ух, темава е отворена пред 8,5 години и шта речи, коју поруку послати.
Дали нешто се променило на подобро освен името во земјата на хунзите?
Природните лепоти се просечни, Хрватска за Хунзистан е Бора Бора. Едно и пол езеро, нема ниту една пловна река, све загадено до даска.
Да не започнувам со тоа зошто и како затоа што ќе ме потсети на стрвичната омраза кон овој државен ентитет.
Не дека во други ентиети кои сум бил нешто сум ги сакал, но овој е специјално срање.
 

slunka

Нов член
27 октомври 2020
11
5
3
Зашто тука у Македонија, т.е. Северна Македонија се наоѓаат сите Амбасади кои ни се потребни за да земеме визи и да си живееме кај сакаме.
 
  • Haha
Реакции: Electra

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ух, темава е отворена пред 8,5 години и шта речи, коју поруку послати.
Дали нешто се променило на подобро освен името во земјата на хунзите?
Природните лепоти се просечни, Хрватска за Хунзистан е Бора Бора. Едно и пол езеро, нема ниту една пловна река, све загадено до даска.
Да не започнувам со тоа зошто и како затоа што ќе ме потсети на стрвичната омраза кон овој државен ентитет.
Не дека во други ентиети кои сум бил нешто сум ги сакал, но овој е специјално срање.
Зошто просечни природните лепоти?