Зошто луѓето се менуваат?

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
на мене ми викаф ти никад нема да се смениш, кој не ме видеја одамна вика видига бе порасна а памет не му дојде Ч )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: drt

MarGrey

Нов член
24 февруари 2012
21
21
3
33
Моето мислење е--->
Младите па и до негде можат да се сменат,не знам дали тоа би било карактер или навика.. Но старите многу потешко. Дури е топло железото се кова ! А ако ти настане болка, само се учиш како да живееш со неа,не се променуваш ! Додека си жив ќе се учиш,и како да живееш со љубов и како без неа ! Карактерот ќе го изградиш еден ден,еднаш засекогаш ! Но,за секоја навика има одвика ! :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: drt

FranZ Ferdinand

Истакнат Член
26 февруари 2012
73
113
333
Да, се менуваат...Мое мислење е дека можат да го сменат својот карактер, но само доколку тие сакаат
Тие обично тоа го прават кога гледаат дека животот им станува тежок со таков карактер, немаат пријатели и сл. Тешко е тоа да го направат, меѓутоа некогаш кога мора стварно мора.Исто така и под влијание на другите, меѓутоа одлуката треба да биде самонивна.Јас искрено не би го менувал мојот карактер, можaм само негов дел, затоа што сум таков каков што сум, ако ме сакаш во ред, ако не.. не ме интересира, не можеш да ме смениш.
emoticon-0100-smile.gif
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Minnie

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Не. Не можат да се сменат. Можеш само да ги запознаеш подобро отколку што си ги познавал и да добиеш впечаток дека се смениле. Но, не верувам дека некој може да го смени карактерот кој го имал години наназад.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: FranZ Ferdinand and UnFleur

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Ставови и мислења може да се променат.
Може конзервативна личност да стекне либерални ставови за работи кои никогаш не би и паднале на ум дека ќе и се случат и дека би реагирала или би се справила со несвојствен начин.
Јбг кога е понуден тесен избор, а нужно е да се реши ситуација, не постои Ама...
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
сѐ и сешто се случува
минуваме низ ситуации кои влијаат на нас
се соочуваме со проблеми кои влијаат на нас
доживуваме убавини кои влијаат на нас
се запознаваме со луѓе кои влијаат на нас
се менуваме?
веројатно
но до кој степен?
она што ни е во основа, суштината и ајде да ја речам - с'ржта, не верувам дека се менува
може да се променат навики, размислувања и погледи на нештата, имањето или немањето храброст за да се ризикува,
може да се променат границите, да се поместат понапред или поназад
но каков си - таков си
она што кај некој наликува на целосна промена, според мене е само момент кога човек собира доволно храброст да биде искрен кон себе и кон својата суштина
оти неретко сме вакви или такви заради некакви принципи, правила и норми наметнати колку од најблиските толку и од околината
ако си добар, остануваш добар, дури и кога мораш да реагираш безмилосно
ако си злобен, остануваш злобен, дури и кога оставаш впечаток дека си најљубезната личност на светот
ако си бунтовник, остануваш бунтовник, дури и тогаш кога имаш силна волја таа бунтовност да ја потиснеш во себе
ако си безгласна буква, остануваш безгласна буква, дури и тогаш кога си најгласен од сите
најпосле
ако си човек, остануваш човек, дури и тогаш кога мораш ѕверски да се бориш
ако си нечовек, за жал остануваш таков, дури и тогаш кога на дланка ги имаш сите убавини на светот
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Реми