Валовско-акумулативно езеро (дого 452 м, широко 225 м, длабоко 2,20 м) кое лежи на н.в. од 1936 м. на северната страна на планинскиот гребен Брустовец на Шар Планина.
Со површината од 66,8 ха која ја зафаќа, тоа е најголемо меѓу глацијалните езера на масивот на Шара. Од езерото истекува Боговинска Река.
Циркно езеро (долго 290 м, широко 115 м, длабоко 5,60 м) кое лежи на источната страна од гребенот Караникола на Шар Планина, на н.в. од 2180 м.
Зафаќа површина од 26,24 ха. Од езерото истекува Караниколска Река.
Колешински водопад
Се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на реката Баба, на н.в. од 500 м.
Висок е 15 м, со широчина на падот од околу 6 м. Според постанокот тој е тектонски водопад, создаден во гранитни стени. Спротиводно од Колешинскиот водопад, на оддалеченост од околу 100 метри се наоѓаат уште неколку помали водопади распоредени во низа, високи од 2 до 4 метри.
Смоларскиот водопад се наоѓа на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на Смоларска Река, десна притока на реката Струмица, на н. в. од 600 м.
Вкупната височина на вертикалниот отсек на Смоларскиот Водопад изнесува 39,5 метри. Водопадот е тектонски предиспониран со раседна структура која лежи попречно на правецот на течењето на водата на Смоларска Река. На дното од водопадот формиран е џиновски лонец, чија должина во правец на течењето на речната вода изнесува 5 метри, широчината е 11 метри а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри.