Езера, реки, водопади во Македонија

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија
Валовско-акумулативно езеро (дого 452 м, широко 225 м, длабоко 2,20 м) кое лежи на н.в. од 1936 м. на северната страна на планинскиот гребен Брустовец на Шар Планина.

Со површината од 66,8 ха која ја зафаќа, тоа е најголемо меѓу глацијалните езера на масивот на Шара. Од езерото истекува Боговинска Река.

Циркно езеро (долго 290 м, широко 115 м, длабоко 5,60 м) кое лежи на источната страна од гребенот Караникола на Шар Планина, на н.в. од 2180 м.
Зафаќа површина од 26,24 ха. Од езерото истекува Караниколска Река.


Колешински водопад
Се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на реката Баба, на н.в. од 500 м.
Висок е 15 м, со широчина на падот од околу 6 м. Според постанокот тој е тектонски водопад, создаден во гранитни стени. Спротиводно од Колешинскиот водопад, на оддалеченост од околу 100 метри се наоѓаат уште неколку помали водопади распоредени во низа, високи од 2 до 4 метри.



Смоларскиот водопад се наоѓа на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на Смоларска Река, десна притока на реката Струмица, на н. в. од 600 м.
Вкупната височина на вертикалниот отсек на Смоларскиот Водопад изнесува 39,5 метри. Водопадот е тектонски предиспониран со раседна структура која лежи попречно на правецот на течењето на водата на Смоларска Река. На дното од водопадот формиран е џиновски лонец, чија должина во правец на течењето на речната вода изнесува 5 метри, широчината е 11 метри а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри.






 
  • Like
Реакции: MoonFairy, Gemini and 4FUN

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,541
2,555
1,133
Сум бил на Колешинските водопади и Смоларскиот водопад, убава глетка, можам да кажам дека поубаво е на Колешинските водопади, има и каде да си седнеш со друштво, роднини, пријатели има направено чардаци со клупички супер е. Одлилно место за да се посети за време на викенд.
 
  • Like
Реакции: 4FUN and Caci

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
872
1,103
393
26
Струмица
Сум бил на Колешинските водопади и Смоларскиот водопад, убава глетка, можам да кажам дека поубаво е на Колешинските водопади, има и каде да си седнеш со друштво, роднини, пријатели има направено чардаци со клупички супер е. Одлилно место за да се посети за време на викенд.
Направено е сега и на Смоларскиот исто, со клупички, чардаци, со патеки и се... само што и така на Колешинскиот е поубаво... поубав водопад е :)
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,541
2,555
1,133
Направено е сега и на Смоларскиот исто, со клупички, чардаци, со патеки и се... само што и така на Колешинскиот е поубаво... поубав водопад е :)
Може, зошто на Смоларскиот сум бил пред 2-3 години, а на Колешинскиот пред 1 месец, а да... Колешинскиот е поблиску од Смоларскиот.
 
  • Like
Реакции: Caci

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,477
5,078
1,153
Wind Of Change
Водопадот Дуф се наоѓа во пазувите на Ростушка Планина, на 20 минути пеш од центарот на селото Ростуше, на надморска височина од околу 1500 метри. Од неодамна изградена е патека што го олеснува пристапот на посетителите до оваа природна реткост. Пештерата Шаркова Дупка, езерото Локув, водопадот Дуф и уште неколку природни реткости стануваат подостапни за туристите. Обележани патеки кои и без поголем напор може да ги изоди речиси секој, уредени приоди и одморалишта со натстрешници. Тоа ќе ги очекува во иднина сите што сакаат да уживаат во природните реткости и убавини во Националниот Парк „Маврово„. Последниот пример што управата на паркот го промовираше наиде на симпатии кај тие што го имаат видено овој водопад. Неодамна беше промовирана обновената патека што од долнореканското село Ростуше води до една од природните реткости-водопадот Дуф. Патеката долга еден километар е обележана со патокази, преку водотеците има дрвени мостови, а направена е и импровизирана училница со клупи што служи како место за изведување час во природа.

Се минува низ карпест кањон, кој наместа е длабок повеќе од 50 метри. Целиот е обраснат во вегетерација и лете личи на прашума. Водопадот е творба на природата, која настанала од водите на Голема Река и Мала Река, кои се влеваат на место кое е на два километра пред падот. Големо количество вода низ еден карпест засек се спушта од околу 25 метри и создава влажна завеса од ситни капки,кои се вистинско освежување по пешачењето. Мештаните велат дека на ова место владее метроклима и тука, летно време температурата не ја менува границата од 18 степени. Во карпите низ кањонот има и дваесетина помали и поголеми пештери. Повеќето не се достапни без специјална опрема и се уште не се истражени. Зиме овој водопад замрзнува и предизвикува интересен феномен. Поради кондензација на
влагата,тука се создава појава на водени капки и се добива впечаток дека врне дожд.

duf_1.jpg

vod1.jpg

vodopad duf 026.jpg
 

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
24
Сега баш пратам на вести на сител... репортоажа на Ивона Талевска, 3 те природни езера биле наводно безбени за капење, а добро бе, кога не биле? :D Бај д уеј, мене лично најмногу ми се допаѓа Мантовско, иако е вештачко...