Десерти

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Мафини или cupcakes се мали колачиња, јас ги обожавам и многу често ги правам. Споделете рецепти за мафини.

Tирамису мафини (за 12мафини)
мерки
1cup=шоља 250, 1/4 м.лаж е колку еден прстофат, 1 tbsb e околу 12 грама шеќер(ги пишав како големи лажици) Јас ги користам американските мерки бидејќи дома имам 1cup и лажиците. Овие ги правев и се мнооогу вкусни.
Потребно:3 tbsp/големи лажици
1/3 зејтин
2 јајца
1 топла вода
1 ½ брашно
1шеќер
2 г.лажици какао
¼ м.лаж. сода
¼ м.лаж. сол
3 г.лаж. млеко

За декорација:
1 cup хопла или шлаг
2 г.лаж шеќер во прав



Во садот со топла вода го додавате еспресото и оставате малку да постои. Во друг сад ги мешате сувите состојки, а во друг сад ги матите јајцата, шеќерот, лекото и зејтинот. Откако убаво ќе се измати втората смеса додате го еспресото и сувите измешани состојќи. смесат е течна, но воопшто не смета.
Се печат на најјако околу 20минути или додека се готови.(проверувате со стапче за заби)
Еве видео, за полесно.

Еве уште едни: рецептот овде.

Ме мрзи сега да ги пресметувам во грамови, но на гугл да пишете мерката во грамови ќе ви пронајде сајтови за пресметување.

И овие се вкусни, но не како претходните.

Чаша од 250гр ќе ви треба.

1/2чаша зејтин
2јајца
1ванила
1часа псирани/гмечени банани (овоа се заедно се измешеа со меша и се додава)
1чаша брашно
1мала лаж. сол
1мала лаж. сода
1чаша овесни снегулки
1чаша сецкано чоколадо

Ова се меша убаво и се пече во сад за мафини (во книжни може или калапчињата подмачкани со зејтин/маргарин/путер) и се печат 15-20минути на 200степени. Зависи од шпоретот печи додека не се испечени.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Па сум ставала јас слики на форумот.
Многу сум идиот што ќе ги ставам сликите во овие доцни часови. :gjavol

sdc15542-jpg.380

sdc15592-jpg.1681

Овие последните се тие тирамису, а шлагот со шеќер во прав бил многу вкусен. :gladen
 

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Па сум ставала јас слики на форумот.
Многу сум идиот што ќе ги ставам сликите во овие доцни часови. :gjavol

sdc15542-jpg.380

sdc15592-jpg.1681

Овие последните се тие тирамису, а шлагот со шеќер во прав бил многу вкусен. :gladen
Лелеее Сарааа :( Многу си лошааа...Не сум голем љубител на благо али ове тирамису како изгледаат :(:sram:place:gladen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Домашен пудинг


thumb.php

Направете преседан и самите пригответе го овој вкусен десерт.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
0,7 децилитри млеко
70 грама какао во прав
70 грама маргарин
70 грама брашно
10-тина бадеми
Масло за јадење
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во поголем сад измешајте го брашното, какаото и шеќерот. Додаде те го ладното млеко и варете на умерена температура со постојано мешање за да не се создадат грутки. Додадете ги парчињата маргарин и продолжете да варите. Намалете ја температурата почекајте смесата да почне да врие и варете уште 10 минути со привремено мешање.
Одберете сад по Ваша желба и премачкајте го малку масло за јадење ( се препорачува бадемово масло). Во садот истурете ја смесата, поклопете со фолија и оставете да се олади неколку часа во ладилник.
Оладениот пудинг пополека превртете го врз послужавник, украсете го зрна бадеми.
Служете го со шлаг.
Уживајте!!!

Карамел торта

Потребни состојки:
За кора:
  • 2 пати по 50 г мелени, печени лешници
  • 2 пати по 45г. шеќер
  • 2 пати по 3 јајца
  • 2 пати по 12г – какао во прав
За Карамел крем
  • 200г шеќер
  • 200г слатка павлака
  • 100г ореви
За чоколаден крем:
  • 500мл слатка павлака
  • 300гр чоколадо за готвење
За украсите од шеќер:
  • 150гр шеќер
  • 70мл вода
И уште:
3-4 лажици карамела
10 ореви
torta-2.jpg

Начин на подготовка:
Се ставаат лешниците и оревите на плех, на хартија за печење, и се печат 10 мин. на 180 степени. Кога ќе се оладат се протрлуваат за да им се излупи лушпата, потоа се мелат , а оревите се сечат на крупни парчиња. Се одвојуваат 10 за декорација.
Припрема карамела:
Еден ден пред да се прави тортата , се прави карамела кремот, за да се осигура состојбата и да се стврдне како што треба. Во сад се става шеќер и 2 лаж. вода. Се става на рингла, и се чека да се карамелизира, се прелива со слатка павлака на умерен оган и се вари се додека не се стопи карамелизираниот шеќер. Се трга од оганот, се префрла во тегла и кога ќе се олади се става во фрижидер.
Подготовка на кремот од чоколада:
И овој крем се прави ден порано. Во сад се става слатка павлака, се загрева и пред да проврие, се става чоколадо искршено. Се заедно се вари на умерен оган 5 мин, со постојано мешање. Кремата се префрла во ладен сад и се става, во фрижидер.
Кора
Можете да ставите 2 кори , или 1 се се зависи од тоа дали сакате да имате мала или поголема торта. Се матат посебно белки, со половина шеќер, а посебно жолчките, со пола од другата половина шеќер… Потоа во жолчките се додаваат и миксираат белките, па рачно се додаваат и мешаат мелените лешници помешани со какао.
Се сипува смесата на округол калап, обложен со намастена хартија за печење. На 200 степени се пече кората , 17 минути.
Сложување на тортата
Во карамелот се додаваат оревите.
На чинија се става тортата, се прелева со 2 лаж ликер, се става карамел кремот. Потоа се става чоколадната крема.
На крајот се става во фрижидер.
torta-1.jpg

Украси од карамела
Во сад се става 150мл шеќер и 70мл вода. Се меша, се додека не се стопи шеќерот, и се остава на средна температура да се карамелизира. Кога поприма карамел боја се трга од огнот. Со лажица се пишуваат буквите 1 на хартијата, а останатите шарички се прават со вилушка. Се, се остава добро да се олади, не се ставаат никако во фрижидер, за да не се стопат. Се ставаат на тортата пред служење. Имаат тенденција да се стопат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Реформ Торта

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 500 грама Шеќер
  • 50 грама Чоколадо
  • 250 грама Путер
  • 300 грама Ореви
  • 30 грама Кафе
  • 10 Жолчка/ки
  • 30 грама Брашно
  • 10 Белка/ки

ПОДГОТОВКА:

Белките матете ги со 300 гр. шеќер во цврст снег, па постепено додавајте ги мелените ореви наизменично со брашното. Добиената смеса поделете ја на 5 еднакви округли дела, па секој дел испечете го во рерна загреана на 180 степени, 15 минути или додека не добие златна боја, така што ќе добиете 5 кори, па оставете ги да се оладат.За кремот измешајте ги жолчките со 200 гр. шеќер, додадете ја изренданата чоколада, ставете на пареа и варете додека смесата не почне да се згуснува.
Потоа тргнете го кремот од огнот, додадете го кафето, убаво измешајте, па оставете да се олади.
Потоа, пенесто изматениот путер, вмешајте го во кремот и уште еднаш убаво измешајте.
Испечените и оладени кори премачкајте ги со кремот, наредете ги една врз друга, па тортата целосно повторно премачкајте ја со кремот. Разладете ја 2-3 саати. Потоа украсете ја по желба, со чоколада и слатка павлака.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Овие вкусни изгледаат, а многу рецепти имам правено од оваа женската и навистина се вкусни.

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alley3112

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Мајка ми пред некој ден имаше купено готова смеса од КАМ, но не ми се допаднаа многу.
Еве овие ми се многу повкусни...
за 12 мафини:
150 gr чоколадо за готвење
250 ml млеко
75 gr путер, омекнат
250 gr брашно
1 прашок за пециво
4 лажици какао
1/2 лажиче сода бикарбона
100 gr кафеав шеќер
1 јајце
1 ванилин шеќер
пола од чоколадото и млекото ставете ги во помало тенџерче, па врз друго тенџере со вода што врие. кога чоколадото ќе се стопи, тргнете го од водата и оставете го да се олади. останатото чоколадо исецкајте го на мали коцки. помешајте ги сите останати состојки заедно со оладеното млеко и чоколадо и со исецканите чоколатца и смесата сипете ја во тавче за мафини кое сте го подмачкале или сте ставиле хартиени корпички за мафини. печете ги мафините на 200°C околу 15-20 минути.
sitnoseckano.com
 

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Панакота е класичен италијански десерт и слатко кремасто задоволство за вашата уста. За да уживате во неговиот богат вкус и нежна структура, потребно е да си издвоите само 15-ина минути од вашето време. Единствената „лоша“ стана на овој популарен десерт е што за да го вкусите, морате да почекате неколку часа, со цел да се згусне и да го добие примамливиот изглед и свилената текстура.
Пробајте го и сигурно ќе посакате репете.
panakota.jpg

Состојки

500ml слатка павлака
150g чоколадо за готвење
80g шеќер во прав
10g желатин (1 пакетче)
Инструкции за приготвување

  1. Во ѓезве ставете 7-8 лажици од слатката павлака. Распрскувајте го желатинот по површината додека мешате. Оставете го ѓезвето со желатин настрана 5-10 минути за смесата да набабри.
  2. Во сад за варење ставете ја преостанатата слатка павлака и шеќерот во прав. Ставете го садот на тивок оган. Мешајте за да се растопи шеќерот. Кога смесата ќе се загрее, додајте го чоколадото, искршено на мали парчиња. Постојано мешајте за целосно да се растопи чоколадото. Не дозволувајте смесата да зоврие.
  3. Ѓезвето ставете го на оган за да се стопи желатинот. Откако ќе се растопи, додајте го во чоколадната смеса.
  4. Кога ќе забележите дека смесата е пред вриење, тргнете го садот настрана.
  5. Додека смесата е топла, налејте ја во калапи за пудинг или суфле, или пак во шот чаши или чаши за мартини. Ако сакате панакотата да ја служите во чинија, тогаш изберете калап со интересна форма. Доколку сакате да ја служите директно, ставете ја во интересна чаша.
  6. Поставете ги калапите на послужавник и ставете ги во фрижидер. Потребно е да ги оставите да се ладат минимум 3-4 часа.
  7. Сервирајте ја панакотата ладна. Пред служење, можете да ја поросите со шеќер во прав, какао или кокос. Исто така, можете врз неа да ставите шлаг пена, или пак, сос од јагоди, малини, боровинки... Украсете ја чинијата и со мали парчиња овошје.
panakota2.jpg


Ресана тортата е исклучително лесна за приготвување, не сум ја правела јас ама сум гледала додека ја праела мајка ми :rofl
Состојки

750g ресани
250ml млеко
250g маргарин (1 коцка)
1 шолја ситно исечкани ореви
Инструкции за приготвување

  1. Секое колаче ресана исечете го на 4 парчиња и ставете ги сите ресани во голем длабок сад.
  2. Ставете тенџере на оган. Додајте ги во него млекото и маргаринот. Мешајте додека маргаринот не се стопи целосно, а кога ќе се случи тоа, тргнете го тенџерето од огнот. Оставете го да се олади.
  3. Со изладеното млеко прелијте ги ресаните. Додајте ги исечканите ореви. Мешајте внимателно со дрвена лажица или со рака. При мешањето не употребувајте премногу сила за да не се издробат ресаните.
  4. Со рацете оформете ја смесата по желба или ставете ја во голема модла.
  5. За попримамлив изглед, стопете поголемо количество темно чоколадо и прелијте ја тортата. Најлесен и најбрз начин да ја завршите тортата е само да изрендате чоколадо по целата нејзина површина.
  6. Оформената торта оставете ја да отстои во фрижидер 2-3 часа.
Нема да погрешите ако ја сервирате тортата со парче свеж портокал. За декорација, ние употребивме дел од кората на портокалот, експандиран ‘рж и малку чоколаден прелив.
Ако ви здодее аромата на портокал или ако вашите најблиски сакаат нешто поразлично, едноставно изберете ресана со друг вкус и ќе добиете „нова“ торта.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Следат фотографии од приготвувањето на совршено домашно сникерс чоколадо. Доволно е да ги погледнете фотографиите кои со сигурност ќе ви се допаднат вам и на вашиот апетит.
http://www.howsweeteats.com/2012/01/homemade-snickers-bars/ Еве линк го рецептот

snikers1.jpg
snikers2.jpg
snikers3.jpg
snikers4.jpg