Три штрка летале заедно. Првиот го прашува вториот: Каде леташ ти денес? - Ех, денес ќе развеселам еден брачен пар кој веќе 10 години се обидува да добие дете. Им носам преубаво девојченце.
- Навистина убаво од тебе. Јас одам кај една жена која никогаш немала деца, и носам синче.
- Ооо, тоа навистина ќе ја направи среќна!
- А, ти, каде одиш?, го прашале третиот штрк.
- Јас? Ај, јас летам во манастир кај калуѓерките...!?
Ништо не им носам...ама стално се помочуваат од страв кога ќе ме видат!
Бабичка дошла на лекар и му се жали на докторот. - Докторе, прдам нон стоп. Не дека ми пречи, ништо не се слуша, ниту смрди, ама би сакала да го решам проблемот. Еве, додека сум во ординацијава, испуштив барем дваесетина нечујни и безмирисни прдежи.
Докторот и препишал некои апчиња и и рекол да ги пие три пати на ден. За недела дена да дојде на контрола. Доаѓа бабата по недела дена на контрола и му вели на докторот.
- Докторе, проблемот е уште поголем!!! И понатаму прдам, и понатаму нечујно, но сега многу смрди.
Докторот и одговара:
- Одлично, синусите ги прочистивме, сега да видиме што ќе правиме со слухот...