Еден муштерија мада не беше смешно него баш засрамувачки за фирмава наша т.е. кафичот

Значи имам еден шеф/маркер, Перо се вика, и е мнооогу мрднат, коа му е досадно зима од оние шо се пластичнине мешалки шо се ставаат за у коктел ги распарчува, зима цевки за нескафе и со нив не гаѓа, тепа време чоекот си праи да му е интересно, и денес еден гостин ме вика на маса и вика девојче извини ама со ова што го најдов у кафето (парченце од тоа пластичното мешалче на Перо го извадил од кафето и го стаил у тацната) да не го види некој може да се удави, и ја таква се испозачудив ама и многу ми дое смешно пошо знаев од кај дошло у кафето

И таква викам извинете незнам ова како дошло тука, вика не, немај гајле знам дека не е до тебе ама кажете им на шанк да припазат друг пат на вакви работи, викам извинете уште еднаш, кафето е од нас и отидов да му покажам на Перо шо се десило и цел персонал се изгазивме од смеење, ама Перо го кркаше на крај како и да е, кафето кај него на расход и плус 300 денари казна, му скратија од дневница

Е и друг пат нека не гаѓа со тие
