Прашањево го поставувам од морален аспект.
Такаречи, јас сум старомоден околу вакви прашања.
Прво... што подразбирам под поимов: Билокаква облека што го открива процепот помеѓу градите. ТОЧКА!
Сметам дека не постои пристојно деколте исто како што не може да е „малку трудна“...Како воопшто ставате граница до каде е „предлабоко“
Тоа „нудење“ на атрибутите произлегува од низок морал, ниска свест за ниските страсти кај народот. Кај машките се појавуваат примитивни нагони со таквата појава.
Гледам дека воглавно сите „не се љубители“ , но петок вечер кажува сосема друго... излегуваш на -10 надвор и пола град е со голи гради.
Ако некоја ги вади градите за да си најди дечко, тоа значи дека нема ниеден друг квалитет па мора така, на распродажба да замине.
Како воопшто е можно на една типична свадба 80% да бидат со деколте? Нели вака ги фаќа срам што покажуваат дел од нивните интимни делови пред цело семејство и цело соседство... роднини и пријатели..?
Ај да видам баш што ќе кажете на ова...