Да постоеше временска машина, кој историски период би го посетиле?

Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
185
43
Некаде на крајот на 50-тите кон 60-тите до 70-тите, кога автомобилите личеле на автомобили (пред се поради својот конфор и едноставност), телата на гитарите се правеле од едно парче егзотично дрво и да, кога не била измислена сидата сеуште.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Освен ако не сум Доктор Ху и да можам одма да избегам, не би одела подалеку од... па, ај преку сила 40-тите на 20-ти век.. Ме интересира да присустувам на правењето на првото тркало, да чујам како се создале приказните за Исус и Мухамед, на кои точно дроги биле во средните векови што гледале толку змејови, па како ги палеле жените што ги вртело коленото пред да врне, ама... АМА неќам да умрам на клада или од што сум се изгребала на 'рѓосаниот срп, па ќе си седам во помодерни времиња.
80-ти се сосема океј за мене - шаренило, сида и Југославија - каков концепт!
 

Adaline

Нов член
18 декември 2021
1
1
3
39
Среден век, време на Ренесанса, во Фиренца, да живеам покрај Медичи, да бидам сведок на развивањето на уметноста, науката, заедно со најголемите светски умови.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Среден век, време на Ренесанса, во Фиренца, да живеам покрај Медичи, да бидам сведок на развивањето на уметноста, науката, заедно со најголемите светски умови.

Не би можела да живееш повеќе од 48 часа во Фиренца во време на Медичи, само смрдеата ќе те предомисли веднаш, настрана мнооогу други ствари :(
 
  • Love
Реакции: Saladin