Би се вратил во времето на А.Велики со поклон во вид на кашикара и муабет дека тоа прстенчето лесно се вади и може да си го стави на малиот прст. И би се извинил дека имам нешто итно па морам да си одам...
Во Виена некаде 1911 со куп пари за да го примат Адолф на ликовна академија.
Во Гори, Грузија, со 20 литри најскапа вотка за да може малиот Џугашвили да се испијанчи до смрт.
Канта бензин во раните денови на Волстрит.
Хотелот Билдерберг во педесетите со 6-цевен Миниган 7,62мм.
Елитни проститутки од 21.век за Карло Велики. Нема да може да одбие ниедна желба.
Во Сан Франциско 1916, да му кажам на Џек Лондон да не се самоубива, не вреди да умира ради депресија и неправеден свет. Fuck`em.
Кај Нестор Махно во виљна Украјина со контингент РПГ-7 за да може да победи и да види рајата бел ден конечно.
Исто и кај Дурути, во Каталонија. Со него би паднал и добар муабет со по некоја чашка вино.
Јованка Орлеанка, да видам шо женска била.