Дарување органи

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Koja мајка, каков син сега?
Ако ги прочиташе моите претходни мислења ке знаеше,станува збор за мајката од Ѓ.Петров,чиј син починува во сообраќајна несреќа,и она дозволува да се земат бубрезите и да се донираат на двајца браќа.Јас искрено,мака ми е од самата помисла,можеби синот не би сакал такво нешто,а јас не би постапила така.Ти значи дека исто би постапил,би дозволил да се донираат органите од твоето дете!?
 

Holla

Истакнат Член
17 јуни 2014
162
90
338
Ако ги прочиташе моите претходни мислења ке знаеше,станува збор за мајката од Ѓ.Петров,чиј син починува во сообраќајна несреќа,и она дозволува да се земат бубрезите и да се донираат на двајца браќа.Јас искрено,мака ми е од самата помисла,можеби синот не би сакал такво нешто,а јас не би постапила така.Ти значи дека исто би постапил,би дозволил да се донираат органите од твоето дете!?
Зошто онда не ја прашаш мајката ?? .. Можеби синот дозволил пред да се случи тоа ?
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Дали и докторите се непријатели на религијата/црквата? :D
На некој начин, да. Тие се оние кои се мешаат во животот и смртта, ако така ги гледаме работите. Според религијата најверојатно треба Бог да одлучи дали некој ќе живее или умре. Според тоа, дали оној кој ќе спаси нечиј живот направил...грев?:^)
Но најверојатно не треба до толку да се оди. Сигурно некој нема да чека магично да оздрави или да умре од некоја глупа болест за да ја почитува божјата волја. Религијата обично учи на работи кои се колку-толку во ред, но понекогаш знае фино да претера. Во ред е да се верува, но не и да се биде некаков стегнат слепец.
Црквата најверојатно е и против образованието и науката. Не треба да се прашува, истражува и докажува. Треба да се верува, така? Религијата е еден вид на догма.

Инаку, ич не ме интересира што ќе прават со мене откако ќе умрам. Додека сум жива не би донирала органи. И онака сум доволно голем хипохондрик. Кога би знаела дека некој орган ми фали буквално би шекнала.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Зошто онда не ја прашаш мајката ?? .. Можеби синот дозволил пред да се случи тоа ?
Мајката ја спомнавме и доста е веке,греота,а ти слободно можеш да одиш во нашево здравство и да си се пријавиш за донатор,или да си оставиш аманет за твоите органи после твојата смрт да се искористат.Мене ете ми шубе и на самата помисла,а каков ни е системот во државава,никакви законски регулативи,кој ке ти гарантира дека лекарите нема да ги поткупат,па твојот дониран дел да отиде на друго место а не кај некое сиромашно јадно дете?
 

Holla

Истакнат Член
17 јуни 2014
162
90
338
Who care ma'am ?? Live ur life. Die? .. let them use u even for sex if needed ^_^
I'm smart right now
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Ах бре луѓе, смешки читам овде.
Мешање на религии, продавање на бубрези, не донирање органи по смртта. И лаички одговори на глупави прашања.
Само набрзинка еден одговор да дадам. Донираниот орган не само во болница може да се отфрли. Да, може таму, но тоа може да се случи и по неколку месеци па дури и години. И не се случува така ретко, и да, се вбројува во отфрглање на органи. Проверете ги прво „убедливите“ одговори што ги давате тука, често грешите, а луѓе навистина може да ви поверуваат.
Туку да се навратиме на темата. Се имам мислам изјаснето и претходно дека додека сум жива есенцијални органи од типот на бубрег би дала на моите најблиски, а по мојата смрт сум целосно согласна употребливите органи да се донираат.
Ајде да разгледаме од еден друг, не религиски аспект. Животецов е чудна појава, а смртта е природен составен дел. Сите ќе умреме еден ден, но и сите се бориме овие броени години да ги направиме поудобни за живеење. По смртта, од физички аспект, нашето тело станува предмет, кој секако, ако смеам да кажам, од сентиментален аспект е болен за другите. Нема никаква функција, нема никаква мозочна активност, по првите часови ги губи сите рефлекси (и не мислам тука на напуштањето на душата, лебдењето 40 дена и другите слични работи). Претставува предмет кој ретроспективно ги тера луѓето приврзани за него да мислат на животецот на тоа што некогаш било човек.
Како и секаде, отворена средина, метаболички процеси на бактерии, и почнува да се распаѓа. Значи нема веќе никаква функција, не може никако да се задржи.
Затоа едноставно не ја гледам причината за донирање на здравите органи, затоа што и онака тие ќе скапат ако не се употребат. Барем ќе помогнат на некој кутар болен, кој се труди да го продолжи животецов барем за уште кратко.
Од друга страна не разбирам зошто некој не би прифатил компатибилен орган, а животот му зависи од тоа. Страно тело викате, м? Ондак и сите пломби во устата се страни тела, обетките по ушите се страни тела, вештачките колкови се страни тела, плочките и шините кои се ставаат при скршенци се исто така. А тие без проблем се прифаќаат. Донорските органи, функционално гледано, не се повеќе од еден вештачки колк, или забен имплант.
Но добро, не секој на крај размислува исто.
И уште ова, пак би повторила, малку проверете ги одговорите што толку сигурно ги давате, во случајов поврзани со медицината.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
За тоа со мајката што зборите...чинот каде една мајка спасува туѓо дете со органи на своето мртво чедо, мислам дека го ставам на самиот врв на несебичност. И сметам дека токму себичноста и стравот се и она што се провлекува во постот погоре, као моето дете ќе го нема, зошто па да спасам туѓо...така споделуваме болка со другите. :D
Ние сме малку чуден народ, знаеме да ја поделиме сета правда на светов, да сочувствуваме со секој настрадан пишувајќи реферати по интернет и барајќи правда, имаме решение за сите проблеми од сите области, го знаеме лекот за рак, сите закони и даваме редовно по 10 денари на просјаци...ама сето тоа е додека лично не сме засегнати. Дојде ли до нас или наши блиски, тешко се пушта срце.
Од мои подалечни роднини, сестрата донираше бубрег за братот кој беше со една нога во гроб, а не е стар, дали и 40 ги има(ше). Среќа работите испаднаа во најдобар ред, па еве ги двајцата живи и здрави. Кога човек ќе ги слушне така и двете страни како раскажуваат за ситуацијата, сфаќа дека тоа е можеби и најдоброто нешто што може да го направи. Одделуваш дел неопходен за живот од себе и го подаруваш на друг човек за и тој да има шанса да живее.
Јас би...посебно ако од нешто ми нема лек и ме чека 2 метра дупка - нека оди што е здраво, можеби (ќе) е болно и жално и не одрекувам дека во такви моменти секому може да му се случи да се осети беспомошно, бесно и себично, но никој нема да е виновен ако мене ми нема спас, најмалку некој друг кому животот му виси на конец, а може да е спасен.

Делот со религијата не ми е јасен, не знам ни зашто е вмешана, ама нели...црква и наука ретко кога и дали воопшто одат заедно...еве пример науката напркоси кога имавме појава на фрески што сами се чистеа. :zelen Од друга страна, иронично ќе е религијата да забранува спасување туѓи животи пошто нели...it's all about love, sharing and caring. Љуби го ближниот свој.
Плус нели...тука е заповедот и за неубивање...а можеби со тоа што нема да донираме орган т.е. спасиме живот кога можеме, до некој степен сме соучесници во смртта, нешто ко десна рака на Грим Рипер...but then again, што ако со спасувањето живот пркосиме на Божјата волја за настраданата личност?
Премногу непотребно замрсување и вртење во круг, би рекла. Одобрувала црквата или не, мање битно кога се работи за живот што науката може да го спаси. Идат со 50.000 евра Мерцедес на миса кај што подучуваат дека скромноста е доблест, мислам дека со самото тоа го губат правото било кој став да им е почитуван. Плус, самата Библија вели: Не прави си резан лик ни некаква слика на што и да е горе во небото или долу на земјата, или во водите под земјата. Не клањај им се, ниту им служи.

Оф: ...не поправај ужасна граматика, не поправај ужасна граматика, не поправај ужасна граматика...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Saladin

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
@diva orhideja јас се ежам тебе кога те читам. Кажи ми дали ако на тебе или на некој твој близок, на твое дете му затреба орган недај боже ке се ежиш од помислата да носите орган од друг човек? Ако на твоето дете му притреба, ти ке го прашуваш ли дали сака да носи туѓ бубрег или ке направиш се за да му помогнеш, односно да дојдеш до тој бубрег.
Што ке ти се органите после смртта?

Инаку во една од емисиите на јади бурек имаше нешто и на оваа теме. гостинот или гостинката (неможам да се сетам) рече дека црквата нема ништо против трансплантацијата, напротив во Македонија барем црквата има дадено благослов во врска со оваа тема.
Тоа што се однесува до религијата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
@diva orhideja јас се ежам тебе кога те читам. Кажи ми дали ако на тебе или на некој твој близок, на твое дете му затреба орган недај боже ке се ежиш од помислата да носите орган од друг човек? Ако на твоето дете му притреба, ти ке го прашуваш ли дали сака да носи туѓ бубрег или ке направиш се за да му помогнеш, односно да дојдеш до тој бубрег.
Што ке ти се органите после смртта?

Инаку во една од емисиите на јади бурек имаше нешто и на оваа теме. гостинот или гостинката (неможам да се сетам) рече дека црквата нема ништо против трансплантацијата, напротив во Македонија барем црквата има дадено благослов во врска со оваа тема.
Тоа што се однесува до религијата.
Не ми е јасно зошто да се ежиш,едноставно си кажав што мислам,ја почитувам и вашата добра воља да бидете дарители и приматели на органи(не дај боже).Многу има како вас,но ако провериме колку отишле да си ги заветат органите,тогаш ке видиш дека се е само зборови во ветар и магла.Кога ти ке се пријавиш за донатор,јави молимте,да се наежам и јас.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
@diva orhideja
Дали доколку некогаш имаш потреба (се разбира не дај Боже) би примила трансфузија на крв?