Ако цртаните филмови лошо влијае на децата сега сите деца ќе трчаа по патот гонејки ја брзата птица итрица со динамит во рацете. Али турбо биљ биљ ептен курназ.
Влијаат и тоа како, еве јас сум жив пример на лошо влијание од цртаните филмови. Абе какви глупости зборите не ми се верува, Телетабиси - најретардираниот цртан што може да постои кај што нема грам насилство и ради него се фрлале деца у бунар. Булшит. Ние што гледавме Том и Џери ко мали им фрлавме наковална врз глава на другарчињата. Ги оставале сами дечињата пред тв и тие сешто гледале хахаха па на тв нема ништо бе, а тоа што чим научат децата да пишуваат им купуваат компјутер и они седнуваат одма да напраат фејсбук нема врска, на интернет нема ништо да се види што може лошо да влијае, цртаните биле криви. Стварно? Стварно? Би им пуштила ти на твоите деца да гледаат турски серии наместо цртани? Некоја од типот на Полат Алемдар или Езел кај што луѓето си ги сечат главите за добро утро
Вo Tом и Џери изобилува насилство, Којотот, Мамли, Пинк Пантер и др. Па по таа логика дека би влијаеле лошо сите деца сега би биле насилници. Мислам дека немаат цртаните филмови влијание, сепак се е до домашното воспитување. Зборуваме за психички нормални деца.
Децата се оној дел од популацијата,на која најлесно може да и се влијае. И за позитивни и за негативни работи. Секако дека и цртаните имаат влијание.Но не до степен да се фрлаат по шахтите. Колку и какво ке биде тоа влијание си зависи и од самите родители и околината.
Мали деца занесено гледаат цртанифилмови во кои се прикажува насилство — еден лик се обидува да го смачка, да го разнесе или на друг начин да го уништи другиот. Децата многу брзо преминуваат од цртанифилмови на видеоигри во кои се обидуваат да победат така што ќе ги убијат, ќе ги кренат во воздух или ќе ги парчосаат противниците. „Па, тоа се само игри“, можеби ќе речат некои. Сепак, насилните игри, било да се играат на компјутер дома или во флиперница, ги внесуваат играчите во светот на насилството и управуваат со нивното размислување и постапки.
А порано децата со што си играле во селата?Со стапови кои биле направени како пушки и сабји така да не било ништо поразлично ни тогаш кога немало флипери или телевизија.Фантазијата на детето била развиена и без видео игри,од еден стап да си замислува пушка така да со муабетов погоре не би се сложил.
Сега постојат Најлоши програми за деца, дефинитивно цртани се знаат кој треба да се Том и џери , Дора за мали , Мечето ушко, Снежана и седумте џуџиња ,Пепелашка, овие денешни програми ги навлекуваат децата да навлезат во свој свет и да го заборават својот мајчин јазик да зборуваат како што прават на тв програмите .. Како што иди времето , на децата не му е потребно црнат , сега повеќе знаат на телефони , компијутери да играат и да ракуваат од нас поголемите :/
Колку сме носталгично навлезени во она дека ние сме таа последна генерација што израснала правилно, забораваме дека и оние пред нас, и тие пред нив...па и по нас, имале детство. Малку ми е смешно ова „во наше време“, а не е тоа ни поентата на темава. Нејсе, детскиот мозок не ги гледа работите исто ко и нашиот, припишете го тоа на недоволното искуство. Каде, побогу, на 3-4 години ќе знам јас дека Симба и невестата му се плеснале дури идело певливото песниче во позадина? Сум знаела јас дека сексот воопшто постои ко поим..или не знам, пенисовидниот дворец на Ариел. Скриени пораки и референци има, но нив дете нема да ги сфати, тие се за забава на возрасните. Еве мама предмалце излезе од подрумов и ме потапка дека не сум психо, значи цртаните, филмовите и игрите што ги имам пројдено, не ме натерале да ги имитирам главните ликови *ја бутка виснатата рака од трупот назад во креденец*...зашто и ми било објаснето дека тоа е само фикција и дека во реалноста тоа не може/не треба да се случи. Blame it on the bad parenting, цртаниот, како „пополнител“ на слободното време, не го воспитува детето.
За тие Пепелашка, Снежана можеби е така ама Том И Џери...шо знам, беа прилично насилни и подмукли ликови, цело време смислуваа злобни завери за да го повредат или уништат противникот каков пример би бил Том за некое детенце на какви вредности би го упатил младиот гледач ? Вака нешто?
Да во право си во некоја смисла , а што ќе му покажат оние цртани со колење? Скубиду ,? подобро том и џери него ли , колење на некое животно , плашење без врска , ...