Дали цртаните филмови влијаат лошо на децата?

ComputerService

Староседелец
29 јануари 2013
443
235
1,043
Значи велите дека лошо влијаат .. дали знаете т.е сте гледале анимирани филмови за возрасни (без сексуална содржина) сте гледале .. особено на некој т.н цртани филмови телевизиите објавуваат пред да почне цртаниот .. програми кој не се препорачуваат за деца под 16 години и е неопходен надзор од родител или старател !
Е сега има анимирани филмови кој немаат никаква врска ни со пиштоли ни со ништо ..едноставно интересни анимирани цртани кој имене баш некогаш ми се интересни .. :sram и на никој од нив што сум ги гледал немало никаква хард кор содржина..
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Покрај моето искуство во чување деца можам да кажам дека и тоа како влијаат цртаните на децата.
Насилните и цртаните со застрашувачка содржина не треба да се пуштаат на мали деца,затоа што покрај тоа што се однесуваат насилно туку полошо е тоа што секоја вечер имаат кошмари и плачат.
Сега децата што ги чувам, поголемото има 3 год и се исплаши од Лајон Кинг цртанот од една сцена( веќе претходно го гледал ама изгледа сите биле дома тогаш:unsure ),почна да плаче додека не дојде мајка му не можеше да се смири.Затоа треба добро да се размисли и разграничи кои цртани треба да им се пуштаат на децата (цртани со поучна содржина).Интересен е Ноди како што напомена Аркантос,има и мн други како Том и Џери,Фифи,Јаготка,Дора...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

Lollypop

Истакнат Член
26 декември 2012
251
197
143
Влијаат штетно на децата и те како,особено овие телетабисиве ко за ретардирани ми се ии јас имам слушнато дека сега се забранети затоа што некои деца се врлиле во шахта зашто мислеле ќе ги однесе во телетабиленд (ако така и се вика) ама и другиве се се со некое крадење,оружја,насилства подобро е турска серија да му пуштиш на дете да гледа него ли денешниве цртани
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Не,затоа што децата имаат многу невино гледиште на тие цртани,и се разликува од нашето гледање на нив како возрасни.
Пример,јас како дете никогаш не сфатив дека Дамбо е уствари напраен статива на оваа сцена,а и глувчето:
Да не зборувам за Алиса во Земјата на Чудата :D
Верувам дека ако децата потоа почнале да конзумираат алкохол,да пушат или да земаат наркотици,не е никаква вина на Волт Дизни :)
Ситуацијата со детето што скока во бунарот според мене не е никаков пример за лошо влијание на цртаните,зошто огромен број на мали деца го гледаат тој цртан,а сепак тоа е единствениот забележан случај на такво однесување.
А тоа што се ретардирани Телетабиси и Дора Истражувачот,тука се согласувам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Сѐ може да влијае и позитивно и негативно, не само цртаните. Зависно и од возраста и од моментот. Сепак најмногу зависи од самите родители.
Нит нешто посебно сум им наметнувала, нит сум им бранела. Иако во себе уздуж и попреку по илјада пати си разглобувам дали, како, што и колку нешто може да влијае, иако неретко ме фаќа невидена паника дека нешто може да сфатат сосема погрешно, сепак пред нив сум кул :cool: и демек не им придавам толкаво значење ни на цртаните, ни на компјутерските игри, ни на турските, шпански, индиските серии, ни па на ваква или онаква музика.
Дури на моменти, некој да ме гледа од страна, ќе си помисли дека сум тотално незаинтересирана мајка. Шо е скроз неточно.
Децата се љубопитни, сакаат сѐ да знаат, сѐ да видат, сѐ да прашаат. Исто толку се и мудри и умеат да спознаат шо е добро, а шо не чини.

Со внимателно, ама ненападно следење се влијае многу повеќе и многу попозитивно, отколку со строги наметнувања и забрани. Особено зашто децата те гледаат што сѐ ти правиш и како се однесуваш. Забегувањата и револотот почнуваат да се случуваат во моментот кога ќе забележат неискреност и контрадикторност во она што им го наметнуваш и она што го правиш.

Тешко е, многу е тешко, особено за свое дете да се изнајде најдобриот начин за воспитување.

Сакам да бидат луѓе пред сѐ, но не сакам да им создавам лажна слика за реалноста во која сѐ е фино и розево.
Животот е суров и тие треба да имаат сила да се соочат со секакви глупости.

Шо е поентата ако им давам да гледаат или да читаат само изџвакани бајки во кои сѐ е прекрасно? Утре-другиден ќе се судрат со некоја безвезна ситуација и ќе бидат неспособни да сфатат шо им се случува, ни како да се справат.
Јас нема да бидам постојано до нив за да ги држам за рака и да ги насочувам. Ќе треба да знаат и да мислат со своја глава и да се одбранат, да се спротивстават, едноставно да умеат да ја проценат ситуацијата и да реагираат.

Моја проста филозофија е - сѐ со дикат и со мерка :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and violetmoon

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
se menuvaat vreminjata a i decata so niv...
најпрво се менуваат родителите :)
децата не се виновни за ништо. Ние сме.
Илјада пати сум рекла и ќе го повторувам секогаш. Сѐ започнува дома. Дома се поставуваат темелите на вистинските вредности. Средината не може да влијае негативно до некој загрижувачки степен, ако суштината се постави стабилно.
Ако е моја гордоста за нивните успеси, тогаш е моја и вината за нивните грешки.
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
најпрво се менуваат родителите :)
децата не се виновни за ништо. Ние сме.
Илјада пати сум рекла и ќе го повторувам секогаш. Сѐ започнува дома. Дома се поставуваат темелите на вистинските вредности. Средината не може да влијае негативно до некој загрижувачки степен, ако суштината се постави стабилно.
Ако е моја гордоста за нивните успеси, тогаш е моја и вината за нивните грешки.

Toчно...Многу од родителите не знаат што праваат своите деца,ги оставаат пред телевизор.А тие се и сешто гледаат а родителите сметаат дека се внимателни.Баш од тие насилства на тв се случи тоа со Телетабиси или пак...Кога го бесија Садам Хусеин и некое друго дете се бесеше но тоа е друга приказна :)
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Тоа зависи како што погоре спомнаа најмногу од родителите, воспитувачите и туторите. На таа мала возраст што ќе му пушташ тоа ќе гледа...има некои Baby Tv i Duck tv мислам тие се за ептен мали деца и се добри програми за цртанчиња такви од најопштите (иако морам да признаам после 12 има страшно психоделична музика .)) )
Треба да се внимава да биде соодветно со возраста на детето, иако да, и јас можам да забележам дека изобилуваат со насилство, па тоа на Картун Нетворк не е за деца , тоа за возрасни се повеќето цртани ....Мечето Ушко па и оние советските цртанчиња нас не пораснаа и да треба од тој тип цртани да се пуштаат , ете и на Дизни не се лоши цртаните сеа се зависи од возраста ...давааат некое интерактивно цртанче на прва ,се вика Дора истражува , во ред е тој цртан за пред школска возраст па и за поголеми дечиња ...арно ама имам еден податок од најблиската околина што навистина е загрижувачки..Децата со своите баби и дедовци гледаат турски серии и навистина е тоа голем проблем , еве и пример мојата пријателка предава англиски во приватно училиште , децава не сакаат да чујат за цртан , не знаеле кој е Симба ама од друга страна знаеле кој е Османче некое дете од турска серија ). Исто беше порано и со музиката која се пушташе по градинките. Идеш да го земеш внук ти а таму главобола од дима а нигде аспирина свири пукоти...сеа мислам дека е забрането да се пушта несоодветна музика ако не се лажам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati