Сѐ може да влијае и позитивно и негативно, не само цртаните. Зависно и од возраста и од моментот. Сепак најмногу зависи од самите родители.
Нит нешто посебно сум им наметнувала, нит сум им бранела. Иако во себе уздуж и попреку по илјада пати си разглобувам дали, како, што и колку нешто може да влијае, иако неретко ме фаќа невидена паника дека нешто може да сфатат сосема погрешно, сепак пред нив сум кул
и демек не им придавам толкаво значење ни на цртаните, ни на компјутерските игри, ни на турските, шпански, индиските серии, ни па на ваква или онаква музика.
Дури на моменти, некој да ме гледа од страна, ќе си помисли дека сум тотално незаинтересирана мајка. Шо е скроз неточно.
Децата се љубопитни, сакаат сѐ да знаат, сѐ да видат, сѐ да прашаат. Исто толку се и мудри и умеат да спознаат шо е добро, а шо не чини.
Со внимателно, ама ненападно следење се влијае многу повеќе и многу попозитивно, отколку со строги наметнувања и забрани. Особено зашто децата те гледаат што сѐ ти правиш и како се однесуваш. Забегувањата и револотот почнуваат да се случуваат во моментот кога ќе забележат неискреност и контрадикторност во она што им го наметнуваш и она што го правиш.
Тешко е, многу е тешко, особено за свое дете да се изнајде најдобриот начин за воспитување.
Сакам да бидат луѓе пред сѐ, но не сакам да им создавам лажна слика за реалноста во која сѐ е фино и розево.
Животот е суров и тие треба да имаат сила да се соочат со секакви глупости.
Шо е поентата ако им давам да гледаат или да читаат само изџвакани бајки во кои сѐ е прекрасно? Утре-другиден ќе се судрат со некоја безвезна ситуација и ќе бидат неспособни да сфатат шо им се случува, ни како да се справат.
Јас нема да бидам постојано до нив за да ги држам за рака и да ги насочувам. Ќе треба да знаат и да мислат со своја глава и да се одбранат, да се спротивстават, едноставно да умеат да ја проценат ситуацијата и да реагираат.
Моја проста филозофија е - сѐ со дикат и со мерка