Дали цртаните филмови влијаат лошо на децата?

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Додека на мода беа Мечето Ушко,Грашковци и уште многу од тоа време немаше никакви насилства...
А сега кога и да пуштам на тв цртан филм на некое мало дете кое е на гости кај нас со фамилијата нема ниеден без оружје и насилства.
Да кажам и еден пример...
Додека беа Телетабиси на телевизија паметам дека едно дете поради нив се фрлило во бунар (facepalm)
Што мислите за сето ова... Кога би имале деца дали би им дозволувале да гледаат секакви цртани или само со одредена тема како оние од Дизниленд?

Оставам на вас да коментирате :)
 
84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Хахахаха ...
Во право си , но јас да си кажам за мене : јас лично би ги оставил да гледаат цртани само за кои што сметам дека од нив има нешто да се научи и да им оди во полза на моите деца , иначе сега како оди времево , во реален свет неможеш да најдиш некој шо нема оружје и шо не е насилен а камо ли на ТВ ... (wasntme)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МериСелест

Ако одиме по тоа не постои цртан од кој што може нешто да се научи или сум во грешка?
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Јас имам деца и со редовно си гледаме Ноди.
Има една песничка : Научи да се прилагодуваш, научи да се спријателуваш. Ја пее Ноди редовно, и син ми, веќе почнува да знае, убаво да си ја рецитира песничката.
Има убави прикаски и поучни - дури и за повозрасните малку да се замислат :)
Том и Џери ги гледаме редовно, исто така и Happy tree friends - ама не често, не му се интересни - а и се малку така „хорор“ да речам :)
 
steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
А што, демек во Том и Џери, Којотот и брзата птица итрица и Душко Долгоушко немаше насилство, тепање, бркање, пукање, експлозии?

:zelen

Нема врска, тврдењево е исто како она дека насилните видео игри лошо влијаат на децата. Да влијаеа сите филмови и цртани што сум ги гледал како дете денес ќе бев сериски убиец.

А од кај знаете, можда сум... (bandit)
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Додека на мода беа Мечето Ушко,Грашковци и уште многу од тоа време немаше никакви насилства...
А сега кога и да пуштам на тв цртан филм на некое мало дете кое е на гости кај нас со фамилијата нема ниеден без оружје и насилства.
Да кажам и еден пример...
Додека беа Телетабиси на телевизија паметам дека едно дете поради нив се фрлило во бунар (facepalm)
Што мислите за сето ова... Кога би имале деца дали би им дозволувале да гледаат секакви цртани или само со одредена тема како оние од Дизниленд?

Оставам на вас да коментирате :)
ако најдеш некое што гледа цртан филм кажи ми.....од скајп фб и телефоните не можат глава да дигнат хахааххахахах :rofl

зборуваме за мали деца, поголеми деца или тинејџери?
колку и да е забегано времево, сепак постои некое разграничување
скајп, фб или мобилен, децата за кои е наменета темава, барем по мое видување, баш и не користат :D

па ако може малку дообјаснување на категоријата „дете“ на која оваа тема се однесува
тенкју :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Foxboro

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
lady_blue мислев на помалите деца на пример 3-5 години.
Еден коментар гласаше...дека и во останатите цртани имало порано насилства но сметам дека немало вакви случаеви
како со Телетабиси.Или пак со Дигимони и Покемони...
 
84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
lady_blue мислев на помалите деца на пример 3-5 години.
Еден коментар гласаше...дека и во останатите цртани имало порано насилства но сметам дека немало вакви случаеви
како со Телетабиси.Или пак со Дигимони и Покемони...
На пример Штрумфови - Екстра цртан , кој сега поради успехот прерасна и во филм ... ;)

Сакав да кажам дека во него нема насилство ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi