Инспириран од една рубрика на интернет околу тоа зошто постојано кај нас одат едни исти музичари,ја отворив темава,зошто сакам со вас да дискутирам околу квалитетот на музичкиот производ што се носи кај нас во последнава декада,и дали сте вие задоволни од истиот.
Да ми го поставеше некој прашањево пред некои 7-8 години,можеби и ќе се замислев,кога мојата музичка библиотека не броеше премногу музичари,а и кога реално кај нас доаѓаа музичари,бендови и артисти од типот на Продиџи,Фејтлес,Roisin Murphy,Kosheen,Iggy Pop,и многу други,кога атмосферата на такви настапи беше неверојатна,публиката не жалеше да даде повеќе од 1000,2000 денари за карта и да не се жали за економската состојба во државава,која според мене не е никаков фактор,зошто мислам дека мноштвото може да си дозволи да фрла по толку од викенд за да седи на сепаре во клуб,а не може истите да ги даде за квалитетен музичар,така да тој муабет паѓа во вода.
Сега,се е сведено на Ex-yu,групи што се досадна фузија на ска,панк и алкохол,групи што кариерата им е ставена на стенд бај,зошто имаат веќе по 70 години и едвај микрофонот го држат,но сепак нели пошто е стара група,по дифолт е квалитетна,колку и да е крш настапот,харизматичен е оќелавениот стар наркоман со гитара што може комотно микрофонот да го сврти цел настап накај публиката и да тера на плејбек.
А публикава кај нас не бара многу. Доволно е тоа што се слуша на телевизија да се донесе,и тоа што планира да се донесе да се отупи на телевизија и радио за да се знае дека е добро.
-"Па што очекувате? Не сте во Америка,во Македонија сте,ова е супер за кај нас,плус евтино е,а и цело друштво ќе ми иде таму пошто нема кај да го клатиме пивото на друго место. Ај сеа извини ми - РАКИЈАААА,РАКИЈААА,ПЕРСПЕКТИВА,БУДУЧНОСТ СИВА,НЕМАМ ЗА РИЗЛЕ,ЗАШТООО?!"
Кое е вашето гледиште на оваа тема,и на што е основано?